Снежана Матовска: „На мојот син Цако (32) на 3 месеци му дијагностицираа Даунов синдром, но заврши факултет, вработен е, а имал и љубовни врски“

Одеше ли Цако на училиште? Како го прифаќаа соучениците?

Да, одеше. Тој на 8 години се запиша во редовна паралелка во училиштето „Димо Хаџи Димов“, во населбата Влае, кое беше едно од 5 пилот училишта кај нас, во кои почна да се реализира процесот на инклузија.

Имавме среќа, како во градинката, така и тука, да биде во целост прифатен и од соучениците и од наставниот кадар, како и од сите други вработени во училиштето.

За време на своето образование во рамките на ова основно училиште, покрај на задолжителните часови, Цако заедно со своите соученици беше дел од секоја дополнителна наставна активност, приредба, екскурзија и сè што беше реализирано во рамките на училиштето.

По наставата, до четврто одделение, одеше во дневен престој, каде исто така беше прифатен во целост.

Во целиот овој период, немаше ниту еден роденден од другарчињата на кој не беше поканет, а на неговите родендени не доаѓаа само оние кои не можеа од објективни причини.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-20.jpg

За време на средното училиште беше малку поразлично, затоа што одеше во средно текстилното во Ѓорче Петров, каде имаше многу деца кои беа едукативно запоставени, од дисфукционални семејства и слично.

Сите тие навлегуваа или беа влезени во пубертет, а тоа си носеше и соодветни проблеми во нивното однесување, кое рефлектираше не само на Цако, туку и на другите деца кои беа така да речам помирни или повоспитани од нив.

Сè се смени, откако Цако заврши средно образование и се запиша кај мене на факултет.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-13.jpg

Јас милувам да кажам дека ако средното училиште за Цако беше мрачниот среден век, факултетот за него стана хуманизам и ренесанса.

Тука се стекна со прекрасни пријателки и колешки (беше единствено машко во групата). Со дел од нив и ден денес контактира.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-29.jpg

Целокупниот наставен кадар го прими одлично, со некои помали исклучоци. Го прифатија и моите колеги од работа, така што ова беше едно преубаво поглавје од неговиот живот.

Тој студираше девет години на програмата Предучилишно воспитание и положи 62 испита, вклучително и одбраната на дипломската работа на тема Јан Амос Коменски, под менторство на проф. д-р Розалина Попова Коскарова.

Со дипломирањето, Цако се стекна со назив дипломиран професор по предучилишно образование и на наша среќа, веднаш после тоа успеа и да се вработи.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-03_1.jpg

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-28.jpg

Има ли Цако некои специфични навики во секојдневието? Што му е омилено?

Цако е момче како и секое друго и не станува збор за никакви специфични навики врзани со неговиот синдром.

Тој, како и секој друг, сака да се дружи со луѓе и со врсниците, да оди во кино, театар, на натпревари ракомет и фудбал, на концерти, да излезе во кафеана или кафуле, да патува, да седи и излегува со пријателите на неговата сестра и неговиот брат, да излегува со некои свои пријатели, и тој сето ова и го прави со помал или поголем интензитет така што никогаш не му е здодевно.

Цако, исто така, многу сака да чита, особено поезија, да гледа телевизиски серии, особено хрватски и да истражува на интернет за многу различни области, независно дали се тоа закони, психологија, спорт или што било друго.

Тој со сласт и со целосна посветеност ја подготвува својата авторска емисија „Јас сум Цако“, која оди секоја претпоследна среда во месецот, во 20 часот, на Радио МОФ.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-27.jpg

Во неа Цако обработува теми врзани со лицата со попреченост и нивните права и потреби, теми од културата, збиднувањата во градот и државата и сè што е актуелно во тој момент.

За неа тој сам си обезбедува и кани гости, па така дел од оваа емисија, покрај самите лица со попреченост и нивните родители, биле и многу експерти од областа на воспитанието и образованието, како и дефектологијата и медицината, активни политичари од власта и од опозицијата, медиумски личности и многу други.

За секој еден од нив Цако претходно истражува кои се и што се, ја истражува проблематиката со која тие се занимаваат или тоа што го правеле и прават и потоа прави прашања за дискусија.

Сето тоа се снима во студиото на Радио МОФ, а за време на пандемијата онлајн. Лично сметам дека е вистинско задоволство да се слуша оваа негова емисија, затоа што е полна со топлина и емоции, интересни и актуелни теми, поучни работи, поезија, музика. Затоа и секому ја препорачувам.

Исто така, Цако ужива во часовите по танц во „Денсерс јунајтед“, кое е инклузивно танцово студио и кое покрај со лицата со типичен развој, работи и со лицата со Даунов синдром и други попречености.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-03.jpg

Во овој клуб тој целосно ја реализира својата страст кон музиката и играта, а особено што клубот ги вклучува сите свои членови и на државни и на меѓународни натпревари од европски и светски карактер.

Прекрасно е чувството кога целата публика им скандира на членовите на даун екипата или на инклузивните точки, кога ечи македонската химна, а овие млади танчари се полнат со среќа и самодоверба дека и тие, не само што сакаат, туку и можат.

Голема благодарност до Сара Кочан која им го овозможува ова на лицата со атипичен развој.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-14.jpg

Најтешки мигови имате кога…

Па, не знам. Веројатно како и сите луѓе кога ќе наидеш на некој проблем кој ве оптоварува и во тој момент не може да се реши или вие немате влијание врз него.

Во минатото особено тешко ми беше прашањето што со вработувањето на Цако.

На наша голема среќа и оваа врата му се отвори, па веднаш по дипломирањето, ве февруари 2020 година го примија во Град Скопје, преку Агенција за привремено вработување, а од средината на јануари оваа година, по завршување на постапката по објавениот јавен оглас, тој доби и постојано решение за вработување.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-04.jpg

Најубави мигови ви се кога…

Такви има многу. Јас сум по природа оптимист и весела личност и не се предавам лесно. Кога би почнала да ги набројувам најубавите мигови, би ви одзела и многу време и многу простор.

Затоа само би кажала дека сум среќна жена што има прекрасен сопруг со кој сме веќе 35 години во брак, што имам прекрасни, успешни и самостојни три деца, два внука од ќерката, пријатели на кои можам да се потпрам во секое време и што со сите наброени сум имала и имам толку многу убави моменти, што дури и не можам да одвојам некој од нив.

snezhana-matovska-na-mojot-sin-cako-32-na-3-meseci-mu-dijagnosticiraa-daunov-sindrom-no-zavrshi-fakultet-vraboten-e-a-imashe-i-ljubovni-vrski-11.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Емра Куртишова: „Лена уште во стомакот реагираше на гласот на татко ѝ, а сега се топи кога тој ќе ѝ ... „Ликот на Исаура ми фали премногу. Навистина ми е жал што успеав да снимам само ...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg