Јованчо (28) од Кочани е сопственик на ресторан во Германија: „Работиме семејно, локалот е во куќата каде што живееме“
Постапката за отворање на свој бизнис во Германија, не е многу сложена, многу е поедноставно од Македонија и многу е помирно за работа од Македонија.

Ни требаше околу една година за да ја реализираме идејата. Мислам на времето од купување на куќата, па до отворање на ресторанот.

Сите заедно семејно работевме на подготовките. Мора да имаш помош од некој за да дојдеш во Германија, некој да те прифати, да ти каже и покаже како одат првите чекори, како функционира сè.

Како специјалитет можам да го издвојам нашиот изум полнета плескавица во лепче.

Исто така, мора да издвојам дека ја правиме традиционалната пастрмајлија што е голема реткост овде во Германија, мислам дека во регионот сме единствени.

Правиме тавче гравче, ќебапчиња и сезонски специјалитети како туршија и пача“.
