Миро Кацаров ја обожава ќерката на сопругата од првиот брак: „Ја запознав Миа на 2 години - денес сме неразделни“
Знаеш ли да ја налутиш некогаш со нешто?
Да, знам да ја налутам кога треба да прави нешто за школо, а не сака.
Таа е многу мирна и мила, ама знае да ми се налути и кога мајка ѝ ќе ѝ рече нешто што таа не сака да го послуша, а јас ќе ѝ речам дека не треба да прави така - ми се лути пошто не го очекува тоа од мене.
Јас не ја карам, не можам да ја карам, и не знам да ѝ кажам не.

Се сеќаваш ли кога првпат ја однесе некаде сам - игротека, роденден, во парк... Какво беше чувството да се дружите сами, без Ивана?
Се сеќавам, Ивана отиде на работа, ми ја остави мене, и Миа почна да плаче.
Ме фати жал, и пошто знам дека сака многу сладолед, отидовме да јадеме сладолед. Дури имам и фотка од првиот пат кога останавме сами заедно.
Едно детенце преслатко јаде сладолед, а не му е сеедно што ја нема мајка му, ама се навикна.

Какви беа реакциите на околината на вашата блискост и поврзаност? Дали некогаш некој ти „префрлил“ нешто или ти искоментирал нешто негативно?
Мора да ти кажам дека 90%, па и повеќе, од реакциите се дека односот меѓу мене и Миа е проевропски, светски, и дека така треба да функционираат сите, без предрасуди, без каприци, без комплекси и суети.
Јас немам проблем. Кога ќе ја оставам Миа на биолошкиот татко, или кога ќе ја донесе тој овде, функционираме нормално, како што треба да се функционира, со отворен ум.

Неодамна сподели цртеж на кој освен ти, Ивана и Миа, е и помалиот брат кој треба да се роди наскоро... Дали е среќна што ќе стане постара сестра?
Замисли, сите психолози раскажуваат и прераскажуваат дека децата тоа што ќе го нацртаат, тоа и го мислат, го доживуваат.
Е, Миа нè доживува мене, Ивана и Тадеј. Па, има ли поголема радост од тоа за еден родител?
А нероденото братче го збори цело време, Тадејчо го вика, по тетовски прашува „К’ј еТадејчо?“, го бацува стомакот на мајка ѝ, и спремно го чека, многу е среќна.

Се спремате ли за раѓањето на Тадеј?
Да, деновиве сакаме да одиме да му купиме нешто за кога ќе излезе од болница, креветче зашто на нас ќе ни биде прво заедничко дете.
Бараме помош од бабите, а тие веќе договараат одмори од работа за да ни се најдат за чување, за капење.
Со Господ напред, знам дека ќе биде сè како што треба и се надевам дека сите ќе си дочекаат ваква убавина.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
