Одговори на најчестите прашања за ботокс и филери со д-р Роберт Стојовски, пластичен хирург

„Ботокс се става превентивно со цел да се спречи мимична гестикулација на горна третина од лицето, со цел да не се направат длабоки бори. Филерите се користат за подигање на тонусот на лицето и пополнување на вдлабнатини и коригирање асиметрија. Мит е дека лицето ќе изгледа постаро ако престанете да ставате ботокс, а најчести грешки што ги гледам е тоа што сите изгледаат иста една на друга и се употребува премногу материјал“ - вели за CRNOBELO.com д-р Роберт Стојовски, пластичен и естетски хирург. 

odgovori-na-najchestite-prashanja-za-botoks-i-fileri-so-d-r-robert-stojovski-plastichen-hirurg-01.jpg

Иако трендот на аплицирање ботокс и филери станува многу поактуелен во последниве години, сепак има такви кои уште се во двоумење и нејаснотии на оваа тема. 

Што е разликата, дали има негативни ефекти, дали лицето може да изгледа полошо ако се престане со аплицирање, дали може да излезе „згрешено“... 

Д-р Роберт Стојовски е долгогодишен пластичен хирург кој работи со ботокс и филери, помеѓу многуте други третмани и хируршки интервенции, па се обиде да ни даде одговор на некои од најчестите прашања што ги мачат многумина. 

odgovori-na-najchestite-prashanja-za-botoks-i-fileri-so-d-r-robert-stojovski-plastichen-hirurg.jpg

Му поставивме на д-р Роберт повеќе прашања на тема ботокс и филери, прочитајте ги неговите одговори во продолжение: 

На која возраст и во која регија се почнува со ботокс превентивно? 

Нема конкретна возраст, ботокс се става превентивно со цел да се спречи мимична гестикулација на горна третина од лицето, со цел да не се направат длабоки бори.

Постојат ли третмани кои не вклучуваат ботокс и филери, а со кои може лицето да се подмлади, да изгледа позатегнато и свежо?

Да, CO2 ласер (кај мене го има најдобриот за 2024-25 година, со него се поттикнува неоколагенеза, намалување на лузни од акни, подобруванје на текстурата на кожата, намалување на бори, отстранување на бенигни кожни промени, пилинзите се исто така одличен механизам за подобрување на површните слоеви и сјај на кожата.

Исто така кај мене во ординација има скин пен кој претставува најдобар апарат за микронидлинг, преку него може да внесеме ехсозоми, полинуклеотиди, витамини…

Каде и за што најчесто се става ботокс, а каде воопшто не се препорачува?

Најчесто се става на горна третина од лицето, а јас лично избегнувам на долната третина на лицето.

А, за што сè се користат филери и дали се безбедни за постојана употреба?

Филерите се користат за подигање на тонусот на лицето и пополнување на вдлабнатини и коригирање асиметрија.

Најбитно е да се работат од страна на сертифициран доктор со долгогодишно искуство, бидејќи може да се добие лош (неприроден) резултат, но и брендот кој се употребува секако дека е многу битен.

Каква е процедурата за ставање ботокс, а каква за филери? 

Ботокс се става во мускул, а филерот на периост или суб демално.

Колку долго трае ефектот од ботокс, а колку од филери и од што зависи тоа? 

Ботокс (оригинал Dysport) трае 4-6 месеци. Филерите на TeosyalJuvéderm, Revanesse траат од 12-18 месеци - овие се премиум брендови, поевтините филери траат неколку месеци.

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Миро Кацаров (39) за CRNOBELO: „Ставам ботокс на челото 8 години, боли многу“ „Ботоксот кај мене има ефект едно 3-4 месеци, што значи дека ставам барем 3 пати...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Раде од Скопје одгледува малиноа кучиња: „Се користат за барање дрога или одбрана во специјални едни... „Секогаш ги советувам луѓето да не земаат миленик, доколку стварно немаат желба ...
Сузана Божинкочева: „По 4 години борба со неплодност и тон ужасни совети, со 3-тото ин-витро добив с... „Уф, не можам ни да ви дадам точна бројка колку инјекции, клексани, апчиња, ваги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg