Одговори на најчестите прашања за ботокс и филери со д-р Роберт Стојовски, пластичен хирург
Што ако „не фати“ ботоксот или резултатот е многу слаб – дали тоа значи дека е лошо направен или има други причини?
Можни причини:
1. Брендот
2. Количината
3. Техника на апликација
4. Ладен ланец при транспорт (2-8 степена)
5. Секојдневни активности на пациентот (сауна, масажа, кардио тренинг) го скратуваат времетраењето.
Кои се најчестите несакани ефекти и колку често се појавуваат?
Ретко е, скоро и да нема ако ги работи сертифициран лекар со долгогодишно искуство и ако пациентот се придржува на дадените совети за пост третман.
Дали лицето изгледа „постаро“ или полошо ако се стави ботокс еднаш или неколкупати и потоа се престане?
Не не, тоа е мит (тоа е исто како да кажете дека ако престанете да ја миете колата, истата ќе биде повалкана од пред да се почне).
Може ли ботоксот или филерите да го направат лицето „подуено“ ако се во преголема количина?
Да може, ако не се аплицираат правилно (затоа постои разлика каде ќе одат).
Кои се најчестите грешки што се прават кога луѓето ставаат несоодветно ботокс и филери?
Ги прават да изгледаат една на друга и премногу количина на материјал се употребува кај повеќето.
Што вие лично никогаш не би направиле на своето лице или не би го дозволиле на никој близок, дури и да е тренд?
Трајни филери, конци, хируршки интервенции кои го менуваат целосно ликот.
Дали и сами си правите некакви естетски процедури – и ако да, кои и за која цел?
Да правам, ботокс, CO2, пилинзи.
Дали некогаш сте одбиле пациент и зошто?
Секојдневно одбивам - доколку она што го бараат не прилега на нивното лице и тело.
Совети за помлад изглед…
Редовна нега, површно и длабински со третмани, спорт, здрава исхрана.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
