Бомбакис за татковството: „Плачев кога се родија ќерките, менувам пелени, но страв ми е да ја бањам помалата“
Дали им читаш или раскажуваш приказни за да ги заспиеш?
Па, на Бисера знам да ѝ раскажам некоја приказна, ама моја приказна, не да ѝ читам некоја од веќе постоечките.
И брзо заспива така, мислам дека ѝ се интересни.

А „врзувате“ ли ноќе со сопругата некој час спиење покрај 2 мали деца? Се менувате ли „на смени“ кој да стане следен кога ќе заплаче некое од нив?
Јас спијам, не можам да се жалам.
Вики е таа што станува, затоа што Јована се буди преку ноќ да јаде.
А јас и Бисера си спиеме.
Дали чувствуваш „притисок“ дека треба да бидеш добар татко?
Притисокот е повеќе за тоа како ќе успеам да ги изведам на прав пат со оние вистински вредности да бидат добри луѓе, зошто времево во кое живееме моментално е сè полошо и полошо, за жал.

Што ти беше најтешко да научиш, а врзано со татковството? И колку те смени тоа?
Она кога моите родители ќе ми речеа „Ќе видиш и ти како е кога ќе имаш дете“ не верував во тоа.
Ама, сега научив и осетив на своја кожа дека стварно е така и ти ја менува целата перцепција за животот.
Ако порано бил фокусот на мене, сега фокусот на мене скоро и да не постои - постојат само тие во мојот свет и сè што правам, правам за нив…
На кого личат ќерките повеќе, на тебе или на мајка им?
Па сите викаат дека на мене личат и двете според сликите што ги имам како мал.
Мислам дека двете се моја копија ха, ха.

Кој ги бираше имињата? Се слушаше ли твојот глас?
Бисера ми беше омилено име од кога знам за мене и си имав кажано дека ако некогаш во животот имам ќерка ќе се вика така.
И дојде тој момент, па кога дознавме дека е девојче, немаше дилеми како ќе се вика.
А Јована беше желба на Вики и одма беше прифатено од моја страна.
Сакам македонски имиња, традиционални и да си ги зачуваме треба, имаме прекрасни имиња.
Која ти е најубавата работа поврзана со татковство? А која ти е најстресна?
Најубава е кога ќе имаш тежок ден и кога сè ќе ти тргне наопаку, знаеш дека дома имаш некој што ќе ти се израдува, ќе те гушне, ќе те баци и сè ти поминува во секунда.
А стресно нема ништо поврзано со нив, едино кога ќе почнат да плачат синхронизирано можеби.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
