Kсенија Николова: „На окото ми се појавуваше сенка, имав катаракта (перде) - се оперирав во Словенија“

Потоа ме презема д-р Виолета Бучковска која беше толку топла и искрена со мене, ме прегледа, ми укажа на сето она што треба да се направи и ме советуваше што да правам понатаму.

Таа до ден денес е мојот очен доктор и секој преглед го правам кај неа.

Љубљана, очната болница Pfeifer беше мојата следна станица, бидејќи таму имаат најсовремен пристап и најнеинвазивна технологија која за млад човек како мене е најсоодветна.

Ќе лажам ако кажам дека не бев исплашена, во раните триесетти јас имам перде, ништо не ми беше јасно, но веднаш закажавме операција и јас за еден месец веќе бев таму.

Во декември 2022 го опериравме едното око, па наредната година и другото.

Операцијата беше брза, лесна и  резултатите беа очигледни веднаш, јас почнав јасно да гледам, го коригиравме и видот, а пердето се тргна.

Морам да кажам дека технологијата што ја имаат во Љубљана е неверојатно напредна, навистина иновативна и среќна сум што ја имав таа прилика да ми помогнат такви професионалци. 

Нека ова биде едно потсетување дека живееме во брзо време, изложени сме на дигитални уреди и секој од нас треба редовно да го проверува здравјето на очите, не само видот, туку и очниот притисок, како и очното дно, а тоа е еден целосен детален преглед кој мене ме спаси и насочи кон решението. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg