Калиопи за стилот и убавината: „Дома имам мала теретана, омилено ми е Armani оделото што го носев на Евровизија“
Нега на лицето и телото
Немам вообичаена дневна рутина за нега на лицето и телото. Важна ми е хигиената и единствено што после чистењето на мејкапот, пред да легнам, ставам ноќна крема, доколку не заборавам.
Имам среќа што наследив убава и здрава кожа. Водата е сѐ.
Во секоја слободна прилика одам во козметичкиот салон „Афродита С“, бидејќи бескрајно им верувам.
Тоа не е тајна, мислам дека е одамна познато. Ги сакам нивните третмани за лице и тело. По напорните периоди, ми годат и тоа како…


Начин на исхрана
Во последно време успеав да ја избалансиран количината на храна која ја внесувам во текот на денот.
Јадам сѐ, но помалку и повеќе пати.
Три-четири пати на ден јадам, но во мали количини.
И така успеав да ослабам и да ја одржувам килажата. Инаку, храната е моја голема страст. Сакам да јадам, но и да готвам.


Фитнес рутини
Во моментов обврските не ми дозволуваат многу време за спортување, но затоа дома имам своја малечка теретана каде што успевам наутро да направам мал тренинг пред да започнам со секојдневните обврски.
Имам добра кондиција и тоа секако ми помага да ги издржам концертите кои некогаш умеат да траат и повеќе од два часа…


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело