Љубовната приказна на Бомбакис и Вики: „Таа ми пиша прва, ја запросив по два месеца“
Раскажи ми некој интересен момент од свадбата на кој се сеќаваш најмногу...
Сите моменти беа интересни, особено што сите беа позитивно расположени и весели.
Можеби влегувањето во ресторанот би го издвоил или, пак, кога ми се јавија дека не е спремна Вики, а ние тргнати.
И им викам ‘Стој тука’, па на булевар излеговме со знамиња, со сè и беше општ хаос. Мислам, не направивме ништо лошо, да не ме сфатат луѓето погрешно.
Исто и кога потпишавме во матично, песната од Фемили Аеродром со бакљите идеше и тоа беше добро, имаше многу емоции таму.

Кој е поромантичен - ти или таа? Која е најубавата романтична работа што ја направила за тебе, или ти за неа?
Ја не сум романтичен, не поштувам лигавења. Можам некад да купам ружа во знак на внимание или некој поклон што ѝ треба.
И таа знае дека ја не сум таков и не сакам такви циркузи, па можеби затоа.
Инаку, тортата со пива за еден роденден што ми ја направи беше врв.

Колкава поддршка ти е во работата? И зошто ретко споделуваш фотки со неа?
Па е поддршка, знае што правам, знае да ми каже нешто, сугестија, совет, знае што работам и затоа сме заедно.
А не споделувам фотки пошто не сака да се експонира толку во јавноста, не е таков тип.
Сите сме си различни на свој начин и го почитувам тоа.

Со две деца и неколку брачни години зад вас, што се смени?
Сè е исто како на почетокот, само плус две деца и помалку време.
Инаку сè е со муабет, со разбирање, со мала пажња - тоа е животот, муабет да имаш со кој да направиш и на кој ќе му веруваш.

Што, според тебе, е важно за успешен брак?
Ова што го напоменав горе, муабет и разбирање да се има и, нормално, трпение, пошто во последно време гледам дека ретко кој го има.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело