Љубовната приказна на Маја Кикириткова и Александар: „Сè започна со еден лајк на Фејсбук“
- Детали
- понеделник, 29 декември 2025
„Ме запроси на мојот 30-ти роденден, a jас, пак, за неговиот 30-ти роденден му купив 30 киндер јајца и му ставив ливчиња каде имаше напишано 30 причини зошто го сакам“, вели Маја Кикиртикова за CRNOBELO.com за сопругот Александар со кого има две деца.

Маја Кикириткова веќе 8 години е во брак со саканиот Александар, со кого го има синот Лазар (8) и ќерката Ева (6).
Врската ја почнале сосема спонтано, но брзо по запознавањето сфатиле дека се еден за друг.
Маја споделува детали за љубовната врска за CRNOBELO.com:
Како почна вашата љубовна приказна? Кој го направи првиот чекор?
Ох, беше многу одамна, пред повеќе од 10 години. Александар ме следел на Фејсбук многу одамна, но јас тогаш сум била во врска и само чекал погоден момент за да искомуницира со мене.
Во тоа време се користеше Фејсбук и сè започна со еден лајк.

После тоа ми пиша и така започна нашата комуникација.
И двајцата имавме чувство како да се знаеме многу години, едноставно разговорите течеа.
После месец дена пишување се видовме и оттогаш сме заедно.

Со што те освои тој?
Со искреноста, шармот и манирите кои ги има.

Дали уште веднаш знаеше дека тој е вистинскиот или со текот на времето сфати дека сте создадени еден за друг?
Јас и Александар сме како лонче и капаче, постојано се надополнуваме.
Но, понекогаш сме и како земја и небо, но тоа е многу нормално во секоја една врска.


Како те запроси? Ти подготви ли некакво изненадување?
Ме запроси на мојот 30-ти роденден. Јас бев во Приштина на работа, се вратив околу 17 часот и дома ме чекаше изненадување.
Прстен, рози… Имавме закажано вечера по повод мојот роденден, но таа не се случи, бидејќи во меѓувреме Александар организирал цело друштво да дојде кај нас дома.
