Aна Колевска, наша стјуардеса, за CRNOBELO: „10 причини зошто си ја обожавам професијата“
9. Балансот помеѓу одговорност и убавина
Зад секој естетски момент стои сериозна одговорност и токму тоа ја прави работата уште позначајна.
Ние стујардесите сме секогаш центар на внимание и сите ни се восхитуваат, но многу често под тој беспрекорен изглед се кријат непроспиени ноќи, чувства на осаменостили пак пропуштени битни семејни настани и празници.

10. Staff travel бенефитите
Ако треба да бидам целосно искрена, ова е делот што можеби најмногу го обожавам. Специјалните цени за авионски билети - ID90 и ID50 - ми овозможија да патувам многу и многу често.

Со години ги имам „злоупотребено“ со љубов, не само за себе, туку и за моето семејство и пријатели. Тие билети ми дадоа слобода да патувам спонтано, да кажам „ајде“ без долго планирање и да ја доживеам магијата на светот повторно и повторно.
Да се биде кабински екипаж не е само професија, тоа е приказна што се живее во движење. И јас сум благодарна што мојата сè уште трае.

Повеќе фотографии од Ана:
Прочитајте и Ана од Скопје: „Неколкупати бев одбивана на интервјуата, но кога успеав и станав стјуардеса - животот ми се промени“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
