Aна Колевска, наша стјуардеса, за CRNOBELO: „10 причини зошто си ја обожавам професијата“
4. Патувањата
Не поради бројот на дестинации, туку поради малите моменти помеѓу летовите - утринско кафе во нов град, кратка прошетка, зајдисонце што те потсетува колку светот е убав.

Секоја дестинација има нешто специфично, што баш само таму го правам, како на пример Цирих ми е за шопинг на чоколади и сирење, Мелбурн за солариум, Милано за уживање во храната како да нема утре итн.

5. Дисциплината
Оваа професија те учи да бидеш професионален без разлика на уморот, временските зони или околностите.
Пред оваа работа јас секогаш доцнев секаде, бев многу тивка и срамежлива личност, но како поминуваше времето се изградив во самоуверена личност и сега сум секогаш секаде барем 15 минути порано.

6. Тимската работа
Луѓе кои често се среќаваат за првпат, а функционираат како едно. Довербата и поддршката меѓу екипажот се непроценливи.

7. Силата што ја гради во тебе
Оваа работа те прави посамоуверен, поадаптибилен и поспремен за сè што животот ќе донесе.
Оваа професија ме изгради во многу издржлива и упорна личност, и тоа ми помогна многу и во приватниот живот да се изборам со сите препреки и да бидам личноста што сум денес.
Благодарна сум за сè што сум научила и успеала да применам некои вештини и надвор од работата.

Прочитајте и Илија Каниковски, стјуард во Wizz Air: „Ова не е само женска професија, досега сум посетил 40 земји на 3 континенти“
8. Разновидноста
Различни култури, јазици и животни приказни што секојдневно те потсетуваат колку сме сите различни, а сепак слични.

