Ирена Карамачоска: „Добив дијагноза рак на 34 години - ќерка ми имаше 6 месеци, а утеха ми беше што ќе се лекувам во Берлин“

Што ти се допаѓа најмногу, а што најмалку таму во самиот процес? И што е поинаку од Македонија?

Досега сум имала само позитивни искуства и ако морам да издвојам една работа што исто ќе ја претставам како позитивна (иако понекогаш мене не ми беше во корист бидејќи ми ги нарушуваше плановите хе-хе), тоа е принципиелноста на здравствените установи, барем така е во болницата каде што се лекувам.

Тие не отстапуваат од воспоставените правила. На пример, ако е пропишано терапијата да се прима на 21 ден, многу тешко прифаќаат да се смени датумот за ден-два порано, дури и ако постои потреба, но се спремни да се прескокне цела терапија на сметка на тоа.

Како што спомнав, и мајка ми се лекуваше од рак во Македонија, па можев многу добро да направам споредба во начините на лекување.

Тоа што се случуваше во Скопје на клиниката за онкологија, мислам дека го нема во ниту едно друго место на светот.

Терапиите често се одлагаа, апаратите за радиотерапија беа расипани, а трипати ѝ ја откажуваа терапијата, за на крајот да не стигне да ја прими.

irena-karamachoska-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-kjerka-mi-imashe-6-meseci-a-togash-ja-izgubiv-i-majka-mi-od-rak-06.jpeg

Како блиските ги прифаќаа промените кои ти се случуваа? Беше ли стресно губењето на косата?

Ја избричив главата уште по третата терапија, пред косата да почне екстремно да ми паѓа.

Тоа беше најправилната одлука што можев да ја донесам, бидејќи на тој начин го редуцирав стресот кој, сигурно ќе го доживував многу потрагично доколку оставев да ми паѓаат цели прамени коса.

Мојот сопруг беше тој што ми ја влеваше целата самодоверба.

Штом ме виде со кратка коса, ми рече дека конечно сум го пронашла стилот што ми одговара. Без коса бев само неколку месеци, набрзо после завршувањето со хемотерапија почна да расте.

Фрида веќе се навикна да ме гледа со кратка коса, па сега ѝ е чудно кога ќе ставам перика (во многу ретки случаи).

irena-karamachoska-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-kjerka-mi-imashe-6-meseci-a-togash-ja-izgubiv-i-majka-mi-od-rak-16.jpeg

Колку трудот да изгледаш добро, правеше да се чувствуваш добро и во најтешките мигови?

Имаше моменти кога не се препознавав пред огледало. Најчесто тоа беа деновите кога закрепнував по хемотерапијата и по три дена ништо не јадев и не излегував од дома.

Штом ќе се почувствував подобро, ја користев секоја прилика да се облечам, да се нашминкам и да излезам на прошетка, бидејќи само така не изгледав и не се чувствував безживотно.

За среќа, сè поминува, па и тоа. Полека се враќаат и енергијата и бојата на лицето.

irena-karamachoska-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-kjerka-mi-imashe-6-meseci-a-togash-ja-izgubiv-i-majka-mi-od-rak-04.jpeg

Кој ти беше најголема поддршка и без кого не би го издржала целиот овој процес?

Имав поддршка буквално од сите, а најмногу од моето семејство, другарките и мојот сопруг. Не би го издржала ова без нив.

Сопругот правеше натчовечки напори, грижејќи се за Фрида, а во исто време и за двете, во деновите кога јас бев болна и исцрпена.

irena-karamachoska-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-kjerka-mi-imashe-6-meseci-a-togash-ja-izgubiv-i-majka-mi-od-rak-13.jpeg

Моето семејство и другарките, иако физички далеку, секогаш беа присутни на свој начин, достапни за разговор во секое време, со пораки, повици и охрабрувачки зборови. Понекогаш е доволно само да знаеш дека не си сама и дека некој мисли на тебе.

irena-karamachoska-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-kjerka-mi-imashe-6-meseci-a-togash-ja-izgubiv-i-majka-mi-od-rak-12.jpeg

Сте имале ли случај на рак во семејството претходно?

Да, како што споменав мајка ми, која за жал, почина од рак на дојка пред четири месеци.

Во исто време се боревме со истата болест, но, за жал, таа не успеа да победи. Тоа го направи целиот процес уште потежок и поемотивен за мене и за семејството.

За трократно негативен рак на дојка, каков што беше во мојот случај, се препорачува генетско тестирање дури и кога нема претходни случаи на рак во семејството.

Кај мене, и покрај тоа што мајка ми имаше рак, тестирањето покажа дека немам генетски мутации кои се поврзуваат со зголемен ризик од развој на рак на дојка.

irena-karamachoska-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-kjerka-mi-imashe-6-meseci-a-togash-ja-izgubiv-i-majka-mi-od-rak-17.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Зоран Мијалков e самохран татко на два сина со аутизам, Петар (21) и Никола (14): „Страв ми е што ќе... „Еднаш, пред две години, ми се случи да се онесвестам додека ги шетав на планина...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...

Најчитани неделава