Книга и глас, наместо екрани: „Во нашето катче во Скопје децата повторно се вљубуваат во приказни“ – интервју со Ена Абјаниќ Чаусидис

„На моите работилници доаѓаат дечиња кои без проблем слушаат читање наглас! Најчесто тоа се деца на кои им се чита и во домот, па имаат развиено фокус за слушање на приказни. Секако, изборот на сликовницата е многу важен, да биде лесно читлива наглас, потоа интерпретацијата и драматизацијата, како и интеракцијата со децата за време и по читањето“ - вели Ена од „Катче за приказни“.

kniga-i-glas-namesto-ekrani-vo-nasheto-katche-vo-skopje-decata-povtorno-se-zaljubuvaat-vo-prikazni-intervju-so-ena-abjanikj-chausidis-01.jpg

Ена Абјаниќ Чаусидис е дипломиран педагог и магистер по филозофски науки, мајка на две дечиња. Таа стои позади профилот „Алетеа - Читаме Заедно“ каде објавува осврти на детска литература, совети за родителство, како и блог и поткаст.

Ена го води и културно едукативниот центар “Катче за Приказни“, каде одржува редовни читачки работилници со деца од предучилишна и раноучилишна возраст. 

Книга и глас, наместо екрани: Како Ена ги „краде децата од телефоните“?

Како започна „Катче за приказни“ и кога сфати дека ова ќе стане твоја мисија?

„Катче за приказни“ започна како идеја и сон уште пред неколку години. Моментот кога се охрабрив  да правам читачки работилници за деца бев понесена од желбата да им го доближам читањето наглас на децата и да ги мотивирам родителите да го прават истото во својот дом, како што тоа јас го правам со моите деца.

Пред две години, читачки работилници за деца не се одржуваа многу често во нашиот град, па не беше едноставно да се најде соодветен простор за ваква активност со деца. Галериски простор и кафе - книжарници беа одлични простори за работилниците, но логистички не беше едноставно секоја работилница да се „селам“ од една локација на друга.

Паралелно со тоа, со моите деца секојдневно посетувавме книжарници и истражувавме во одделите со детска литература - природно, моите деца сакаа да си седнат и на мира да си ги разгледуваат сликовниците или пак бараа од мене да им читам.

Но за жал, во ниту една книжарница немавме услови за тоа. Тоа беа тие два клучни моменти кои ме поттикнаа на отворање на овој простор.

Всушност оваа моја мисија, како што велите, започна спонтано, кога го започнав мојот блог и поткаст „Алетеа“. За мене тоа беше период на голема животна промена.

Во времето на пандемијата бев целосно посветена на моето бебе и читањето сликовници стана една од нашите главни заеднички активности. Токму тогаш започнав да пишувам осврти на сликовници и да ги споделувам на мојот блог. 

Читаш и работиш со деца од различни возрасти - што најбрзо ја освојува нивната внимание?

Емоцијата. Емоцијата која се пренесува преку читањето наглас има силна моќ за да го привлече вниманието на децата.

Едноставно додека им читам, можам да забележам на нивните лица кога некој момент од приказната ќе ги допре, и тогаш знам дека нивното внимание е целосно насочено на приказната.

kniga-i-glas-namesto-ekrani-vo-nasheto-katche-vo-skopje-decata-povtorno-se-zaljubuvaat-vo-prikazni-intervju-so-ena-abjanikj-chausidis-02.jpg

Зошто твоите средби не се само читање, туку и музика, раскажување и разговор?

Целиот концепт на работилниците „Читаме заедно“ започна како комбинација од читање наглас на внимателно одбрана сликовница, по што следува едукативна активност (најчесто во форма на игра инспирирана од Монтесори педагогијата) која пак е поврзана со приказната или пораката која ни ја носи таа сликовница.

Освен развивање на љубов кон читањето и книгите, целта на една работилница е на децата да им се овозможи да го развиваат фокусот, вербалното изразување и критичкото размислување. 

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Зорица Николовска создаде сликовница за деца: „Синот (7) ми е инспирација, се расплакав кога почна д... „Мартин знае дека приказната постои благодарение на неговото растење, на неговит...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
„Детето од рекламите“ е 9-годишно момче од Скопје кое стана вирална ѕвезда - Кој е Нине? Шармантниот Нине од едно шеговито видео со неговиот постар брат до Инстаграм ѕве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg