Книга и глас, наместо екрани: „Во нашето катче во Скопје децата повторно се вљубуваат во приказни“ – интервју со Ена Абјаниќ Чаусидис

Како изгледа една работилница и што сакаш децата да понесат со себе по неа?

Групите се секогаш многу мали, максимум од 8 до 10 дечиња. Додека се подготвуваме да започнеме секогаш имам подготвено некаква куса активност „за загревање“ со која ќе ги поттикнам да споделат свои размислувања и ќе им дадам насока за темата на сликовницата.

Додека читаме секогаш седиме на под во кругче, затоа што така децата се најопуштени.

kniga-i-glas-namesto-ekrani-vo-nasheto-katche-vo-skopje-decata-povtorno-se-zaljubuvaat-vo-prikazni-intervju-so-ena-abjanikj-chausidis-05.jpg

По читањето наглас, започнува тематската активност која ја осмислувам автентично, во согласност со приказната која сме ја читале и со конкретни цели што сакаме да ги развиеме.

Потоа следува освежување, а на крајот секогаш оставам простор децата слободно да си ги разгледуваат сликовниците и книгите кои се наоѓаат на полиците.

Исто така, децата имаат можност да се служат и со Монтесори материјалите кои им се достапни и пред и по работилницата. Во „Катче за приказни“ имаме и простор за родителите, доколку сакаат тие се присутни во текот на работилницата, со кафе и чајче може да слушаат и да одморат.

Кои теми најчесто ги отвораш преку приказните и зошто тие им се важни на децата денес?

Најчесто сликовниците кои ги бирам тематизираат пријателство, емпатија, соработка и помагање, прифаќање на различност и верба во себе.

Ова се безвременски теми, доблести за кои денешните деца треба да ги учиме и да ги насочуваме. 

kniga-i-glas-namesto-ekrani-vo-nasheto-katche-vo-skopje-decata-povtorno-se-zaljubuvaat-vo-prikazni-intervju-so-ena-abjanikj-chausidis-04.jpg

Колку е важен разговорот по приказната и што најчесто те изненадува во детските одговори?

Разговорот по читањето на приказната е многу важен за да видиме дали детето ја следело и ја разбрало приказната, но мојот пристап е да не форсирам доколку децата не сакаат да се вклучат во разговорот, особено за децата на предучилишна возраст.

Во Читачкиот клуб ставам повеќе акцент на овој дел. Можам да кажам дека многу ми е симпатично кога некое дете ќе поврзе некоја случка или лик од приказната со некое случување од животот и тоа го споделува со нас. 

Како во време на екрани успеваш да го задржиш вниманието на децата со книга и глас? 

Јас сум многу пријатно изненадена што на моите работилници доаѓаат дечиња кои без проблем слушаат читање наглас!

kniga-i-glas-namesto-ekrani-vo-nasheto-katche-vo-skopje-decata-povtorno-se-zaljubuvaat-vo-prikazni-intervju-so-ena-abjanikj-chausidis-06.jpg

Најчесто тоа се деца на кои им се чита и во домот, па имаат развиено фокус за слушање на приказни. Секако, изборот на сликовницата е многу важен, да биде лесно читлива наглас, потоа интерпретацијата и драматизацијата, како и интеракцијата со децата за време и по читањето.

Што би им порачала на родителите кои велат дека нивното дете „не сака да чита“?

Да создадат читачка рутина во домот, да читаат заедно со детето наглас книга која е интересна и за родителот и за детето.

Тоа да биде момент на конекција, разговор, фантазија. Родителот ќе ја пренесе таа навика и љубов кон читањето доколку тој чита заедно со детето.

И секако, повеќе избор на добра детска литература, нешто што ќе биде предизвик за детето.

Кој момент од работата со децата најмногу те потсетува зошто го правиш ова?

Кога ќе завршам со работилницата децата доаѓаат со уште книги и бараат да им читам уште и уште. Тоа навистина ме трогнува и со радост им читам и надвор од работилницата.

Што следно подготвуваш за „Катче за приказни“?

Читачкиот клуб за деца од предучилишна возраст продолжува и следната година, а она што ќе биде новитет се групи за раноучилишни деца како и група за дечиња под 3-годишна возраст. Планирам многу нови соработки, за сето тоа ќе објавувам на Инстаграм профилите @aletea_chitame_zaedno i @katche_za_prikazni.

Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Зорица Николовска создаде сликовница за деца: „Синот (7) ми е инспирација, се расплакав кога почна д... „Мартин знае дека приказната постои благодарение на неговото растење, на неговит...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
„Детето од рекламите“ е 9-годишно момче од Скопје кое стана вирална ѕвезда - Кој е Нине? Шармантниот Нине од едно шеговито видео со неговиот постар брат до Инстаграм ѕве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg