Елена Пиштолова, шминкерка во Абу Даби: „Арапките плаќаат за шминка и за обичен пречек на гости во својот дом“
Што ти се допаѓа, а што те нервира од животот во Абу Даби?
Абу Даби е едно од најбезбедните места во светот, со прекрасни плажи, силно почитување на културата и одлични можности за професионален развој. Здравството, образованието, начинот на функционирање и односот меѓу луѓето се на многу високо ниво.
Единствен предизвик се високите температури од јуни до октомври, кои достигнуваат и до 60 степени, но бидејќи сè е климатизирано, и тоа е полесно подносливо.

Ти се додворувал ли некогаш некој шеик?
Не сум имала такво искуство, но сум имала можност да запознаам многу шеици. Можам да кажам дека се вистински џентлмени и секогаш се однесуваат со голема почит кон жените.

Што си посакуваш на професионален план во наредните години?
Моментално работам на еден проект поврзан со мојата професија, но засега би сакала да задржам детали за себе.

Повеќе фотографии од Елена:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело