Ивана од Куманово е девојка со „храбар“ моден стил со експлозија од бои - не сака да се вклопи, туку да се истакне
Всушност, имам поинаков осет за тоа што е неутрално. Во мојот ум, класичниот леопард принт е неутрален, затоа што го доживувам како лесен за комбинирање во различни варијанти.

Мој „неутрален“ кармин е циклама розов бидејќи се вклопува во најголем дел од моите комбинации. Најлесната чанта за комбинирање во мојот плакар е неон жолта.

Многу потешко ми е да искомбинирам нешто што другите го сметаат за неутрално.
Турбаните, марамите и додатоците за коса се мој заштитен знак. Речиси ниедна комбинација не поминува без нешто од тоа, и секако без многу други аксесоари.

Нашиот бренд Lilou Fashion Official, на кој сум коосновачка, секогаш е тука да ме снабди со впечатливи детали.

Кога косата ми е собрана, задолжително носам обетки, а најмногу сакам ланчиња. Најчесто комбинирам две, три, а понекогаш и повеќе за поефектен изглед.

Не резонирам со филозофијата „помалку е повеќе“. Максималистка сум во секоја смисла, од облека, накит и шминка до начинот на кој го живеам животот.

И маникирот ми е секогаш разнолик и шарен. Секој нокт го правам со различен дизајн, бидејќи уживам во предизвикот да смислам и спојам различни концепти во една хармонична целина.


