Љубовната приказна на Александар Белов и Јелена: „Дојде да ме поддржи на ‘Танц со ѕвездите’, имавме врска на 350km далечина“
Зошто ја избравте Србија како место за живеење?
По детална анализа за тоа што е најдобро за нас двајца, каде има поголеми можности за професионален напредок и каде ја гледаме нашата заедничка иднина, донесовме одлука заедно дека Србија е вистинското место за нас.
Сакавме да бидеме на место каде можеме да се развиваме и како поединци и како пар, и каде ќе имаме простор да ја изградиме нашата иднина заедно.

Како ја запроси? Ѝ подготви ли некакво изненадување?
Ја запросив на Свети Наум, бидејќи тоа е наше заедничко место каде, без разлика колкупати да одиме, секогаш е исто возбудливо и прекрасно.
Од таму имаме само најубави заеднички моменти, и решив токму таму да биде запросувањето.
Се потрудив да биде изненадување со помош на блиски пријатели, и можам да кажам дека таа воопшто не го очекуваше тоа во тој момент, што го направи целиот момент уште поубав и посебен.

Раскажи ми некој интересен момент од свадбата? На што се сеќаваш со најмногу од тој ден?
Тој ден сакавме да биде посебен не само за нас, туку и за нашите гости.
Бидејќи свадбата беше во Србија, никој не очекуваше дека ќе имаме и наша традиционална македонска музика.
Кога одеднаш се огласи звукот на зурлата и тапаните, целиот простор оживеа - тоа беше вистински врв на вечерта.
Гостите беа воодушевени, никој не можеше да поверува дека сме планирале такво изненадување, а радоста и насмевките на сите ја направија целата атмосфера магична.

Имате ќерка, Мина (4)... Колку нејзиното раѓање ви ја зацврсти љубовта?
Тоа чувство е навистина единствено и посебно, зборовите не можат да ја доловат радоста што ја чувствуваме.
Се трудиме подеднакво да бидеме присутни во нејзиното растење, и да се надополнуваме еден со друг.
Навистина уживаме во секој момент од родителството и во сите мали, посебни моменти кои ги поминуваме со неа.

Кој е поромантичен - ти или Јелена? И која е најубавата романтична работа што ја направилa за тебе, или ти за неa?
Не би можел точно да кажам кој е поромантичен, тоа зависи од моментот и од ситуацијата.
Можеби таа, како жена, има малку повеќе чувство за тоа, но и јас никако не заостанувам зад неа.
Секој од нас го изразува тоа на свој начин, и токму тоа ја прави нашата врска посебна.

А за што најчесто се расправате (и кој попушта прв)?
Најчесто се расправаме кога нешто не стигнувам на време или не го правам баш така како што таа би сакала, по нејзините критериуми.
Но сето тоа е сосема нормално. А и таа обично брзо попушта.

Колку години сте во брак? Како сега ги одржувате љубовта, страста, почитувањето?
Во брак сме од 2019 година, и понекогаш навистина не можам да поверувам како летнаа годините.
Но она што е најважно, е дека и по сите овие заеднички години, љубовта, страста и почитувањето меѓу нас не се намалиле.
Се трудиме секој ден да ги негуваме, да се потсетуваме колку е важно да бидеме тука еден за друг и да уживаме во малите моменти заедно.
Очигледно сме на вистинскиот пат и навистина уживаме во животот кој го градиме заедно.
