Љубовната приказна на Александар Белов и Јелена: „Дојде да ме поддржи на ‘Танц со ѕвездите’, имавме врска на 350km далечина“
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2026
„Бидејќи свадбата беше во Србија, никој не очекуваше дека ќе имаме и наша традиционална македонска музика. Кога одеднаш се огласи звукот на зурлата и тапаните, целиот простор оживеа - тоа беше вистински врв на вечерта“, раскажува Александар Белов за CRNOBELO.com, кој оженет со Јелена од Крагуевац.

Нашиот пејач Александар Белов, скоро 7 години е во брак со сопругата Јелена, која е по потекло од Крагуевац. Парот, кој ја има ќерката Мина, живее во Србија уште пред да се венчаат.
Тие во Крагуевац ја направија и свадбата, но Александар клекнал на колено пред Јелена на Свети Наум, местото за коешто вели дека е „нивно“ и каде што често оделе и додека биле во врска, но и сега, со ќеркичката.

За нивната љубовна приказна, која од пријателство прераснала во врска, Александар раскажа за CRNOBELO.com:
Како почна вашата љубовна приказна?
Приватно се познаваме многу подолго како пријатели, но вистинскиот чекор го направив во периодот кога бев учесник во шоуто „Танц со ѕвездите“.
Тогаш таа неочекувано дојде да ми даде поддршка за време на снимањето.
Таму се родија првите искри - спонтано и без најава започна сè, а неколку месеци подоцна ја започнавме нашата приказна, која трае сè до денес.

Со што те освои Јелена?
Ме освои со својата едноставност и искреност.
Таа секогаш е вистинска и природна, и токму тоа ми го освои срцето.

Дали уште веднаш знаеше дека таа е вистинската или со текот на времето сфати дека сте создадени еден за друг?
Мислам дека се случи во вистинскиот момент и дека е судбина што се сретнавме токму тогаш.
Од самиот почеток чувствував дека има нешто посебно помеѓу нас, и верував дека тоа е - тоа.
Со текот на времето се потврди дека сме создадени еден за друг, но тој прв момент беше оној кога срцето ми кажа дека ја имам вистинската покрај себе.

Како функционираше врската на далечина, особено на почетокот?
На почетокот беше тешко со оглед на обврските кои секој од нас ги имаше во својата земја, но благодарение на технологијата успеавме да го одржиме нашиот контакт.
Се трудевме да се гледаме колку што времето дозволува, и иако беа 350km по автопат, тоа никогаш не ни претставуваше пречка.
Всушност, секое наше повторно гледање го правеше моментот уште поубав и скапоцен, и токму тие предизвици ја направија нашата врска посилна и посебна.

Се сеќаваш ли на твојата прва средба со нејзините родители? Како изгледаше?
Бев малку возбуден и позитивно нервозен сè додека не ги запознав.
Но наскоро сфатив дека сè тоа е многу нормално и природно, па се опуштив.
