Виктор Апостоловски за татковството: „Да ми кажуваше некој дека ќе се радувам на полна пелена немаше да му верувам“
Менуваш ли пелени? Дали го капеш сам и ако да како се снаоѓаш?
Менувањето на пелени, исто така, си го практикувам од првиот ден кога дојдовме дома.
И да ми кажуваше некој дека некогаш ќе се радувам на полна пелена - немаше да му верувам!
Ама ептен ми е мерак, особено откако почна да ни се смее, ха, ха.
А капењето е ритуал кој си го правиме заедно со Милена, а тој ужива во процесот, како крал.

Какво бебе е - мирен, плачлив, спие ноќе или често се буди? А стануваш ли ноќе за да ја одмениш Милена?
Бидејќи сум ноќна птица, ноќната смена често ми припаѓа мене, макар што Адам е цел на татко му, па некогаш знае да се журка и до 2-3 часот по полноќ.
Иначе не е плачко, ама не е ни мирен! Живо дете, цело време е активен, сака да мрда, да гледа, да истражува, нон-стоп да е во движење.
А најмногу од сè обожава кога му зборувам и кога правиме вежби, тогаш најмногу се смее.

Што ти беше најтешко во првите неколку недели по раѓањето на Адам?
Па најверојатно истото што и на сите родители - да сфатиш за што плаче во тој момент. Макар што и тоа не беше нешто тешко, барем кај нас.
Сепак сето ова е нешто ново што ти го менува цел ритам на животот и нормално е првите неколку дена, дур да го научиш, да биде повесело.

Што најмногу те плаши кога бебето плаче?
Да не ја разбудиме мајка му, ха, ха!
Шала на страна, сега за сега, фала му на Бога, и немам некој страв, обично плачењето е или за јадење или евентуално гасови, ама никогаш не траело предолго за да се загрижиме до толку.

Што го смирува кога ништо не помага?
Верувале или не - ситното! Рпа рпа са са!
До сега сме немале некои толку страшни моменти, ама кога бевме на почеток и кога не помагало ништо друго, го земаш в раце и почнуваш, рпа рпа са сааа низ собата, и тој одма се смирува, те гледа и полека почнува да заспива.

А како реагираш кога не знаеш зошто бебето плаче?
Лабаво. Прво гледаш дали е гладен, па дали е за преслекување, па дали има гасови, и така едно по едно елиминираш, а со тоа и плачењето завршува.

