Љубовната приказна на Кристина од Танзанија и Мето од Скопје: „Ме запроси во Занзибар, добивме ќерка во Македонија“
- Детали
- понеделник, 16 февруари 2026
„Веселбата за свршувачката беше во дворот на мојата куќа во Дар ес Салам со моето семејство, инаку Македонците како сопрузи многу повеќе учествуваат во домашните обврски за разлика од Африканците“, вели мисицата Кристина Томас од Танзанија, која љубовта ја доведе во Македонија.

Кристина Томас од Танзанија е во брак со Методија Атанасовски од Скопје.
Нејзино хоби е моделинг и таа била дел од Мис Гранд Танзанија од 2017/2018, каде ја освоила титулата 1st Runner Up.

Додека таа работи како модел, нејзиниот сопруг е гитарист, а се занимава и со видео продукција.

Се запознале случајно преку заедничка пријателка, и она што започнало како деловна соработка, прераснало во романса.
Методија на Златна Бубамара
Тој ја запросил на Занзибар, архипелаг кој е дел од Танзанија, склучиле граѓански брак во Дар ес Салаам и имале веселба во дворот од нејзината семејна куќа. Денес живеат во Скопје, каде се родила и нивната ќерка.

Кристина споделува детали за нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:
Кога и каде се запознавте?
Па, се запознавме во 2020 година преку пријателка кој нè поврза професионално, и правевме план за снимање кратки документарни видеа и фотографии за мојата земја, обидувајќи се да го продадеме видео проектот за неверојатната природа и убавите места за посета во Занзибар.

Мојата работа како модел, и занимањето на мојот сопруг со видео продукција се вклопија, па затоа на прв поглед беше совршен план за соработка.
Малку подоцна тие документарни интервјуа испаднаа прекрасни, а снимањето беше релаксирачки покрај плажа.

Колку време сте заедно? Беше ли тешка врската на далечина?
Во врска сме околу 6 години, вклучувајќи и една година брак.
Не можете да замислите колку е тешко да се чека за утешни видео повици, но сега сите тројца сме заедно, со нашата прекрасна ќерка Мариа.

Како те запроси?
Седевме на едно прекрасно место во Занзибар речиси цел ден и се сеќавам како ми рече: „Каде ти се тие прекрасни обетки што ги видов оној ден… Можеш ли да ги носиш вечерва?“
Подоцна дојдовме повторно на истото место, а тој ми предложи брак на изненадувачки начин, во прекрасниот ресторан Шанга во Паје, со поглед на Индискиот Океан и небо полно летачки кајтбордови над брановите, на забава со неколку локални диџеи, каде што Методија со сопственикот на ресторанот организирал совршено изненадување со шампањ.

