Љубовната приказна на Кристина од Танзанија и Мето од Скопје: „Ме запроси во Занзибар, добивме ќерка во Македонија“
Каде беше потпишувањето пред матичар?
Склучивме граѓански брак во Дар ес Салам, веднаш откако тој ми предложи брак.
Со цел да дојдам во Македонија и да започнеме живот.

Наскоро ќе има црковна венчавка и прослава, а редоследот на работите е поинаков поради далечината и процесот на средување документација, како и породувањето.
Официјалната венчавка ќе биде оваа година.
Одите ли во твојата родна земја? Какви церемонии имавте?
Да, неколку пати, бевме на одмор а и ги направивме и сите традиции како што се свечената фамилијарна постапката за „цена на невестата“, во модерен стил нормално (доста поразлично од вашите обичаи), а потоа продолжи веселбата и вечерата за свршувачката во дворот на мојата куќа во Дар ес Салам со моето семејство, роднини и пријатели.
Во нашата земја, испраќањето е главната свадбена прослава (тоа е свадбена церемонија со околу 400 гости каде што моето семејство ме испраќа, кон нов почеток).

Ние малку го измешавме традиционалниот ред во прилог на времето.
Но, секако почнуваме подготовки за големата прослава.
Која е разликата помеѓу мажите од Македонија и Танзанија како сопрузи?
Ха-ха! Можам да кажам дека не можам да зборувам во име на мнозинството, но можам да зборувам во име на мојот сопруг.
Мојот сопруг е грижлив и одговорен како личност кон мене и кон нашето бебе, ми помага со сите мали и големи домашни работи, бидејќи за повеќето Африканци во мојата земја, домашните работи се „само за сопругата“.
Нема да генерализирам, но е така некако.
Мојот сопруг е личност која слуша и е многу смирен. Не сите, но традиционално повеќето мажи во мојата земја зборуваат како да даваат команди и сè што ќе кажат треба да се направи, а не како да дискутираат, што е правилно или погрешно или пак да се дадат какви било предлози.
Можам да кажам дека во моето семејство мојот татко и брат не се дел од таквото однесување и тоа ме научи да разберам дека разликата е во нивниот став и нивното домашно воспитување.
