Maкедонка имаше кралска свадба во Франција - во замок со џез и луксуз, траеше 3 дена

Фустанот беше инспириран од иконската Грејс Кели, но со современи елементи: наместо класична „бал“ форма, имав нагласени колкови и драматичен четири метарски шлеп украсен со нашиот семеен грб – специјално нарачан од баба ми.

makedonka-imashe-kralska-svadba-vo-francija-vo-zamok-so-djez-i-luksuz-traeshe-3-dena-07.jpg

Шлепот и проѕирната кошула над корсетот беа богато рачно везени, вложувајќи десетици часови рачна работа за финализација. Фустанот имаше повеќе од шест елементи и ми требаше речиси еден час да се облечам целосно.

Сите мои тоалети за трите дена – петочната свечена вечерна тоалета, утринскиот фустан за подготовки, главната венчаница, парти-фустанот за вечерната забава и неделниот фустан за бранч – беа рачно изработени од мојата мајка и баба, секој со уникатен карактер и класични детали кои ме претставуваат мене.

Букетот беше долг „waterfall“ ефект од моите омилени цветови – орхидеи.

makedonka-imashe-kralska-svadba-vo-francija-vo-zamok-so-djez-i-luksuz-traeshe-3-dena-23.jpg

Првите средби

Пред црквата имавме наша прва средба со Денис – приватен момент што го овековечивме со мало „интервју“ за тоа како се чувствуваме пред големиот момент.

Следеше емотивна средба со татко ми, кој заедно со мајка ми ме придружуваше со олдтајмер автомобил до црквата.

makedonka-imashe-kralska-svadba-vo-francija-vo-zamok-so-djez-i-luksuz-traeshe-3-dena-12.jpg

Церемонијата во црквата

Црквата беше целосно затемнета – единствената светлина доаѓаше од стотици свеќи.

Целиот влез беше инспириран од сцената на свадбата во филмот „Crazy Rich Asians“ – од музиката, до декорацијата и мистичниот ефект на влезот.

makedonka-imashe-kralska-svadba-vo-francija-vo-zamok-so-djez-i-luksuz-traeshe-3-dena-02_1.jpg

Наместо вода, поставивме машина за чад за да создадеме магична атмосфера, што на сите им ја одзеде здивот.

Симболичната служба ја водеше француски свештеник, со читања од страна на семејството на Денис.

Нашите лични завети беа најемотивниот дел – јас заплакав уште при првиот збор и морав да направам пауза пред да продолжам. Подоцна ми кажаа дека речиси сите плачеле, но јас гледав само во него.

makedonka-imashe-kralska-svadba-vo-francija-vo-zamok-so-djez-i-luksuz-traeshe-3-dena-01_1.jpg

На олтарот ме донесоа и двајцата родители – за мене тоа беше симбол на еднаквата важност која ја имаат во мојот живот.

makedonka-imashe-kralska-svadba-vo-francija-vo-zamok-so-djez-i-luksuz-traeshe-3-dena-28.jpg

Истото го продолжив и со првиот танц: традиционално тој е резервиран за таткото и ќерката, но јас направив изненадување – во половина од танцот, татко ми ме предаде на мајка ми.

Нивната реакција беше полна со радост и солзи.

makedonka-imashe-kralska-svadba-vo-francija-vo-zamok-so-djez-i-luksuz-traeshe-3-dena-26.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија „Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.  По...
Александар Пендароски, зет на Галичка свадба: „Женската носија тежи 25kg, моите родители се венчаа в... „Имам одредено искуство со јавање, но сепак дополнително се подготвував. То...
Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Љубовната приказна на ракометарите Андријана и Никола Маркоски: „Се запознавме на тренинг, го изнена... „Свадбата ја правевме во Струга и имавме интересен момент при влегувањето во црк...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...

Најчитани неделава