Maкедонка имаше кралска свадба во Франција - во замок со џез и луксуз, траеше 3 дена
Коктел и кралски портрети
По церемонијата, гостите уживаа на коктел покрај базен со џез-бенд и гастрономски станици: остриги, шпанска шунка и скара.
Во меѓувреме, јас и Денис направивме приватна фотосесија, а потоа реализирав уште една моја стара желба – семејни портрети во стил на кралското семејство.

Гала вечерата и забавата
Главната вечера се одржа во градината на замокот, украсена со драматични драпирања од сатен и кадифе, богата бело-зелена флорална декорација и стотици свеќи.
На секое место гостите имаа персонализирани кадифени салфети и мени направено од чипка.

Вечерата беше исполнета со говори кои предизвикуваа солзи и смеа. Следуваа шампањ кула, сечење на тортата и првиот танц – подготвен само пет дена претходно со Влатко од Prima Danza, кој морам да признаам нè изненади колку брзо нè подготви.

А да бидам искрена – имаше и „големи анти-таленти“ за танцување за подготовка, па шегата беше уште поголема.
Потоа журката продолжи во салоните на замокот со приватен диџеј. За мене тоа беше врвот на вечерта – конечно можев да се опуштам, да облечам парти фустан и да играм до зори.

Посебен момент беше домашната ракија од мојот дедо. Пријателите ја служеа на сите – никој не можеше да одбие.
Таа ракија не беше само пијалак – беше неговата игрива енергија која буквално ја правеше забавата, и за мене значеше неизмерно многу да го почувствувам неговиот дух присутен.

Третиот ден – Недела: Pool Brunch
Неделата беше резервирана за опуштен бранч покрај базен во „Palm Royale“ стил. Имаше реквизити, игри и летна енергија – совршен начин да се заокружи бајковитиот викенд и да им се каже „довидување“ на гостите.

Зад сцената
Целата организација ја направив сама – преку онлајн координација со тимовите, со подготвени 74 слајдови-презентација каде детално го има секој елемент од трите дена.
И покрај тоа што имав само три месеци за подготовка (по нашето прво ателје шоу „The Haute Wed Gala“), успеав секој детаљ да биде совршен. Многу реквизити и елементи ги носев од Македонија и странство лично, за да бидам сигурна во квалитетот.

Денис носеше костум рачно изработен од неговиот личен кројач од Кина, со повеќе од пет персонализирани детали – везен библиски стих, иницијали под јака, на манжетни и на марамче со моите иницијали, поставено токму над неговото срце.

