Катерина К. Стисниовска, адвокат против семејно насилство: „Бранев жртва во случајот ‘Јавна соба’, жени напуштете ги насилниците“

katerina-k-stisniovska-advokat-protiv-semejno-nasilstvo-branev-zhrtva-vo-sluchajot-javna-soba-zheni-napushtete-gi-nasilnicite-11.jpg

За која промена на тема заштита на жртвите во Македонија сте најгорди?

Имено, донесени се две измени на законот од кои едната е во делот на давање согласност за гонење по службена должност, односно дека семејното насилство за да се процесира во кривична постапка и да се води постапка за кривични дела сторени при вршење на семејното насилство нема да има потреба од согласност на жртвата, а исто така е извршена измена и е воведено ново кривично дело: „Злоупотреба на сексуални-експлицитни содржини“ за кое сум посебно среќна, бидејќи веќе 5 години се залагам за казнување на злоупотребата на довербата по актуализирањето на комуникацијата на социјалните мрежи.

Споделете ни го накратко вашето вложување во случајот „Јавна соба“... Со што се соочивте?

По добивањето на осудителната пресуда во случајот на злоупотреба на сексуално-експлицитни содржини пред 4 години и добивање на казна за сторителот во предметот наречен „Битолска јавна соба“, не само што се осмелив да докажувам дека жртвата не е виновна и дека не се работи за погрешна или премногу смела комуникација од нејзина страна, туку за злоупотреба на доверба, па по мое постојано апелирање и образложенија на суштината на заштитното добро кое законодавецот треба да го заштити со воведување на посебно кривично дело, конечно 2026 година се направи измена и се воведе ново кривично дело.

Согласно ова секој треба да знае дека општењето преку социјалните мрежи не е казниво, доколку кон истото се пристапува со внимание и почит на соговорникот, како и со заштита на неговиот интегритет.

Содржините кои се споделуваат помеѓу лицата не смеат да бидат употребени за што било друго освен за таа намена за која се споделени и не смеат да претставуваат средство за реванш и присилување.

Казната за ова дело е до 5 години затвор и спаѓа во построго казнети дела.

katerina-k-stisniovska-advokat-protiv-semejno-nasilstvo-branev-zhrtva-vo-sluchajot-javna-soba-zheni-napushtete-gi-nasilnicite-18.jpg

Што треба да знае секоја жртва?

Она што сакам да го истакнам е дека секоја жртва треба да биде храбра и упорна во пријавувањето на семејното насилство и негово процесирање и казнување.

Да знае дека на секоја жртва на семејно насилство ѝ следува бесплатна правна помош која може да ја добие од секој адвокат кој има решение за давање на таква помош, а имаат голем процент од адвокатите.

Треба да знае дека има право на придружник во текот на постапката и не мора да биде сама.

Може со неа цело време да биде член од семејството или стручно лице кое ќе ја застапува или помага, а исто така дека има право на психолошка поддршка, која е бесплатна и која може да ја добие од секој Центар за социјална работа.

Секоја жртва треба да знае дека може да бара привремено засолниште во сигурна куќа и дека такви засолништа постојат на нивото на цела РСМ и истата треба да побара.

Треба да знае дека може да добие финансиска и материјална помош, доколку таква ѝ е неопходна преку Центрите за социјална работа, доколку ги исполнува условите за истата и дека има поволности при плаќање на здравствени услуги.

Секоја жена треба да знае дека во брак или врска не се останува поради децата, ако врската е насилна, туку токму поради децата се заминува од таа средина, бидејќи се докажа со научни истражувања дека децата кои биле сведоци на насилство имаат трауми, па најчесто и самите се насилни или стануваат жртви на насилници.

Насилната средина нема оправдување по ниту една основа и нејзината судбина е секогаш да се напушти, а жртвата освен што ќе ја напушти треба да биде згрижена и да добие помош од институциите како би го продолжила својот пат и би можела да се грижи за децата.

Секоја девојка или млада жена, како и младите момчиња, треба да знаат дека партнерските односи се градат на темел на меѓусебно разбирање, почитување и љубов.

Дека волјата никогаш не се наметнува на партнерот, а доминацијата во врската од мажот, својствена за Балканот и неговата традиција, одамна ја напушти реалноста.

Доминантен партнер не постои и никој не смее да си го зема тоа право и да биде насилен кон партнерот.

katerina-k-stisniovska-advokat-protiv-semejno-nasilstvo-branev-zhrtva-vo-sluchajot-javna-soba-zheni-napushtete-gi-nasilnicite-07.jpg

Што би промениле ако имате моќ за тоа?

Како одговор на вашето прашање, кое посебно ми се допадна, а тоа е што јас би сменила кога би била повикана да менувам, би било строгост кон институциите.

Јасна и прецизна законска рамка, поткрепена со јасни и сеопфатни правилници за работа. Контрола во работењето и награда.

Едукација на институциите од различни сфери и сектори и едукација помеѓу себе во споредување и споделување на искуство од практично постапување.

Би се фокусирала повеќе на самите насилници и би ги детектирала причините и аномалиите кои доведуваат до насилство, па би работела кон нивно отстранување, а исто така и би обезбедила сместување на насилниците отстранети од домот со строги мерки на проверка на нивно движење, како не би де вратиле кај жртвата, а казните ќе ги направам построги.

Нема да се изрекува само условна осуда постојано, туку би се изрекувале и мерки на претпазливост, како и притвор, откако би се сменила законската рамка да се изрекуваат мерки притвор и за насилниците, бидејќи постои основот - ризик од повторување на делото во скоро сите случаи.

Особено би определила задолжителен и опсежен третман на децата кои ќе бидат сведоци и жртви на семејно насилство како би се минимизирале и отстраниле траумите и би изградиле здраво и напредно општество.

katerina-k-stisniovska-advokat-protiv-semejno-nasilstvo-branev-zhrtva-vo-sluchajot-javna-soba-zheni-napushtete-gi-nasilnicite-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

 



Би можело да ве интересира:

Бајковитата свадба во родното Берово на Катерина со Захер од Либан - матично во природа, раскошна ве... Катерина Пипонска, наша некогашна стјуардеса, вели дека во родното Берово ја има...
Даниела Панева помага на жртви на семејно насилство: „Една жена ја затворале во кочина, друга пријав... „Имав случај каде постара жена од рурална средина после 35 години насилство во б...
Катерина Шехтанска за стилот и убавината: „Не одам никаде без патики, со балет и фастинг лесно го на... „Имам среќа што брзо симнувам килограми, иако, брзо и качувам. Од никаква х...
Катерина Андова за битката со алопеција: „Никогаш нема да носам марами, сега кога ја знам слободата ... „Кога имав околу 20 години, по користење многу масти и креми, косата повторно ми...
Успешни Македонци низ светот: Кјара Гоља е адвокат во Нов Зеланд, со желба да стане пратеник или дип... „Додека студирав, политиката ми беше главен фокус и имав можност да работам на н...
Стојан од Охрид, жртва на семејно насилство: „Татко ми беше алкохоличар, мајка ми ме тепаше, немавме... „На татко ми пијанството му стана секојдневие, а со тоа дојдоа и караниците, нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg