Марта Гусар, наша адвокатка која нема изгубено случај за семејно насилство: „Поради некои случаи имам здравствени проблеми, ќе се борам за нив до крај“

„Кај мажите дури и имам предмет, каде најпрво не се сфаќа сериозно и не му сe помага, сè до моментот додека и децата не се жртви во целата ситуација. Најчесто жртвите не пријавуваат заради долгиот период додека да се добие помош и тоа што најчесто сторителот не се отстранува од домот, па жртвата е изложена на ризик“ - вели за CRNOBELO.com Марта Гусар. 

marta-gusar-nasha-advokatka-koja-nema-izgubeno-sluchaj-za-semejno-nasilstvo-poradi-nekoi-sluchai-imam-zdravstveni-problemi-kje-se-boram-za-niv-do-kraj-01.jpg

Марта Гусар е адвокатка од 2011-та година, која има своја канцеларија од 2013-та година и работи во сите области, но опфатени се најмногу човековите права.

Таа самата претходно има изјавено дека нема изгубено ниту еден случај поврзан со семејно насилство, а сега признава дека и покрај тоа што е тешко, добива закани и долго време е потребно да се стигне до правдата, сепак одлучила да им помага на жртвите и до крај ќе се бори за нив. 

Со оглед на тоа што во последно време сè почесто сме сведоци на семејно насилство, кое за жал трагично резултира дури и со смрт, поразговаравме со неа на оваа тема. 

Иако голем дел од работите многумина можеби веќе ги знаат, сепак добро е да се повторат и сите да бидат запознаени со законите, постапките, промените во законите, но и да се види другата страна на случаите. 

Целото интервју со Марта Гусар за CRNOBELO.com во продолжение: 

Што ве мотивираше да се посветите токму на случаи поврзани со семејно насилство, кога започнавте?

Започнав во 2014-та година, при донесувањето на Законот за превенција и заштита од семејно насилство.

Мотивот беше предмет преку невладина организација, кога за првпат и јас како адвокат и судот го кршевме мразот, односно за првпат го спроведувавме Законот.

Предметите се тешки, и секако со многу емоции, па оттука и фактот што како адвокат знам дека помагам и на жртви и на деца, ми е најголем мотив во работата.

marta-gusar-nasha-advokatka-koja-nema-izgubeno-sluchaj-za-semejno-nasilstvo-poradi-nekoi-sluchai-imam-zdravstveni-problemi-kje-se-boram-za-niv-do-kraj-02.jpg

Дали постои случај што засекогаш ви останал во сеќавање како најтежок или најмногу ве погодил емотивно и зошто?

Сите случаи се тешки и посебни сами по себе. Има неколку поради кои и здравствено имам проблеми, но тоа е одлуката којашто сум ја донела дека ќе помагам, дека ќе се борам заедно со нив до крај, така што, не би издвојувала ниту еден предмет, туку сите се тешки и специфични на свој начин.

На прашањето зошто одредени предмети ќе останат врежани, е токму заради тоа што кога се работи за деца и нивна злоупотреба од страна на едниот родител, со цел да се одмазди на другиот родител, тоа е најтешката форма на насилство која ја вршат родителите, а не се ни свесни во моментот, затоа што мотивот е одмазда или повреда на другиот родител.

Кои се најчестите форми на семејно насилство што ги среќавате во пракса?

Сите форми се актуелни и постојат, некои се потешки за докажување, па поради тоа и можеби не се толку актуелни, затоа што додека стигнеме да докажеме, најчесто губат доверба жртвите. 

Иако, работите се веќе сменети и веќе многу повеќе се охрабруваат да пријавуваат, како и да се преземаат дејствија поитно во поглед на заштита на жртвите, без оглед дали станува збор за физичко, психичко или друг облик на семејно насилство.

marta-gusar-nasha-advokatka-koja-nema-izgubeno-sluchaj-za-semejno-nasilstvo-poradi-nekoi-sluchai-imam-zdravstveni-problemi-kje-se-boram-za-niv-do-kraj-05.jpg

Зошто жртвите најчесто молчат или долго време не пријавуваат насилство?

Па како што и одговорив во претходното прашање, токму долгиот период за да добие помош е причината зошто не пријавуваат.

Најчесто тоа е и поради нестручност во постапувањето на институциите кои треба да им помогнат, односот кој го имаат спрема жртвите, обвинувањето дека тие се виновни и слични ставови лични и субјективни од страна на „стручните лица, кои се недозовливи, но сепак постојат.

Оттука, токму ваквите состојби кои се сè уште актуелни се и причината зошто жртвите поретко пријавуваат.

Кои се првите чекори што треба да ги преземе лице кое е жртва на семејно насилство, како оди процедурата, дали се заштитени во тој период или повторно се во контакт со насилникот?

Првите чекори се веќе познати, треба да пријават во МВР и во Центар за социјални работи, во зависност од тоа за какво насилство се работи.

Дали се заштитени, не, имајќи го предвид фактот што мерката отстранување од домот, сега почна да се применува, откако ни се случија трагедии во рамки на државата.

Најчесто сторителот не се отстрнува од домот, па доколку жртвата не е сместена во шелтер, истата е постојано изложена на ризик.

Со наплив на повеќе пријавувања, се губи и суштината на проценката на ризик, поради непостоење на доволен кадар за постапување, а со тоа се зголемува и ризикот на самата жртва.

Предлогот е да се наведат состојбите во кои се наоѓаат само во вака краток одговор, ова е тема за која треба да се отворат повеќе дебати, сè со цел да се таргетира вистинскиот проблем во постапувањето кај сите.

Дали вие како адвокати во вакви случаи сте исто така мета на закани? Сте биле ли конкретно во таква ситуација, како се справувате?

Сум споделила повеќепати дека сум била мета, и тоа се случува многу често, па дури и од колеги, па како што би постапила во случај да застапувам жртва, така се застапувам и себеси, односно постапувам на ист начин, пријавувам и ги преземаат сите дејствија согласно Закон.

Секако можеби го нема стравот кој би го имала жртвата, но сепак, истите дејствија ги преземам.

marta-gusar-nasha-advokatka-koja-nema-izgubeno-sluchaj-za-semejno-nasilstvo-poradi-nekoi-sluchai-imam-zdravstveni-problemi-kje-se-boram-za-niv-do-kraj-08.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Даниела Панева помага на жртви на семејно насилство: „Една жена ја затворале во кочина, друга пријав... „Имав случај каде постара жена од рурална средина после 35 години насилство во б...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...

Најчитани неделава