Нашата Миа (9) тренира уметничко лизгање во Германија: „Почна на 5 години, не се обесхрабрува ни кога ќе падне“, вели мајка ѝ

Инаку, уметничкото лизгање се смета за еден од најскапите спортови. Се плаќа мразот, тренерите, опремата, камповите, тестирањата, кореографиите и натпреварите. Секој сегмент носи дополнителен трошок.

Сепак, за нас ова е инвестиција во нејзиниот раст, талент и карактер. Додека таа ужива во она што го прави и има волја, ние како родители ќе бидеме покрај неа да ја поддржиме во тоа што го сака.

nashata-mia-9-trenira-umetnichko-lizganje-vo-germanija-na-vtoriot-trening-padna-i-ja-shieja-bradata-no-ne-se-obeshrabri-veli-majka-i-08_2.jpg

Миа многу ја сака модата и секогаш сака да ја комбинира гардеробата за тренинг и натпревари, и најчесто мразот го користи како место за модно изразување.

Таа е бренд амбасадор на италијанскиот бренд Thuono и на естонискиот бренд UgoSkate кои се специјализирани за висококвалитетна облека и опрема за уметничко лизгање.

Но сепак сакавме натпреварувачкиот фустан да биде со потпис на наш дизајнер и ја имавме таа чест  што оваа година нејзиниот костим го изработи македонскиот дизајнер Златко Јовановски - ЈЗЈ.

Костимот е инспириран од музиката на нејзината програма, а инаку е рачно изработен, уникатен и впечатлив.

nashata-mia-9-trenira-umetnichko-lizganje-vo-germanija-na-vtoriot-trening-padna-i-ja-shieja-bradata-no-ne-se-obeshrabri-veli-majka-i-07_copy.jpg

Инаку, имаме желба таа да биде дел и од Македонската лизгачка федерација. Веќе две години чекаме одговор од федерацијата и од Министерството за спорт.

Веруваме дека децата од дијаспората, кои постигнуваат успеси надвор од државата, треба да добијат поддршка и можност да бидат дел од и од Македонскиот спорт“.

nashata-mia-9-trenira-umetnichko-lizganje-vo-germanija-na-vtoriot-trening-padna-i-ja-shieja-bradata-no-ne-se-obeshrabri-veli-majka-i-007.jpg

Кликнете и погледнете неколку видеа од Миа:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Љубовната приказна на Иџе и Емилија: „Заедно сме од средно, утрото на свадбата возев квалификации за... „Со Емче учевме во исто училиште. Бевме втора година и се загледувавме еден во д...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Миро Кацаров ја обожава ќерката на сопругата од првиот брак: „Ја запознав Миа на 2 години - денес см... „Миа ја сретнав првпат неколку месеци откако почнавме врска со Ивана, имаше...

Најчитани неделава