Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е издувен вентил“
Што ви е издувен вентил по тежок работен ден?
Реставрација на олдтајмерите, возење на мотор кога се има време. Таму сè има причина и последица. Тоа ме враќа во рамнотежа.
Во последно време и подкастот кој го работам каде има дистракција од операциите.

Ритуали за релаксација по работа?
Музика. Движење. Или целосна тишина. Не бегам од мислите – само им давам простор да се средат.

На крајот од денот имате ли потреба од луѓе или само мир и тишина?
Зависи од денот. Ако бил интензивен – тишина. Ако бил продуктивен – можам и разговор.
Балансот е важен.

Колку пријатели има доктор Чадиковски?
Мал круг. Луѓе што не се импресионирани од титули. Пријателството не е бројка, туку континуитет.

Да не бевте хирург, ќе бевте?
Веќе дојдов во години кога веќе не знам што би бил, долго сум во медицинава , веројатно нешто креативно.
Прочитајте и Урбан лик: Владимир Чадиковски, наш единствен детски кардиохирург - пасија му се мотоциклите, а инспирација спасените животи
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
