Кико од „Идол“ живее во Дубаи: „Пробувам да ги убедам моите дека нема потреба за паника, денот ми тече нормално“
Луѓето се поделени во мислењата дали треба да преовладува страв или се опуштени - затоа што секој има право да верува во тоа што му се прикажува.
Нормално е да има страв и паника, особено на луѓето кои беа или сè уште се заглавени на аеродромот во Дубаи, но владата реши да ги покрие сите трошоци за хотели и сместување на сите луѓе кои останаа во Дубаи.
Мојот ден продолжува да тече нормално - состаноци со клиенти, состаноци со Дубаи Опера за претстојниот период и настаните кои треба да се одржат во Опера.
Откажани се неколку настани, и истите се презакажани за почетокот на април.
Јас живеам во центарот на Дубаи, 5 минути оддалечен од Бурџ Халифа и не сум во делот кој беше цел на напади.
Како и да е, треба да разбереме дека Дубаи не беше цел на напади, туку воените бази на САД лоцирани на Средниот Исток.
Тоа што го гледавме на видеа дека Дубаи и делови од градот се нападнати беа само остатоци од неутрализираните напади.

Голем дел од луѓето кои се тука знаат дека ова е најбезбедното место, или едно од најбезбедните градови, така што мое мислење е дека поголема паника кренаа туристите тука, како и луѓето кои сакаат да добијат внимание преку постови на социјалните мрежи.
Нормално е дека посетеноста е намалена затоа што и понатаму не се пуштени летовите кон Дубаи и има помалку туристи, но животот си тече најнормално, особено во главниот дел на Дубаи.
Тука каде што сум јас не добивме никакви сирени за опасност. А и владата праќа смс пораки кога се очекува некаква опасност, како аларм за граѓаните кои живеат тука.

Да бидам искрен моите во Македонија се уплашени за мене затоа што кај нас се прикажуваат работи кои се делумно вистина, а дел е пропаганда на која не треба да се верува.
Можеби е до мене, зашто, како што кажав народот е поделен со мислењата за опасност и страв, и не можеме да се лажеме дека е сè најнормално, но воопшто не е така како што се прикажува.
А јас пробувам да ги убедам сите мои блиски дека нема простор за толку голема паника“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
