Паоло (9) од Скопје нè направи горди на „The Voice Kids“ - живее во Рим со мајка Македонка и татко Италијанец
- Детали
- сабота, 14 март 2026
Тој има низа први места и награди за најдобра интерпретација. Од 1 година сакал инструменти, а сега Италија дозна за него преку „The Voice Kids“. Иако не продолжи понатаму, беше во најтесниот круг и го покажаталентот. Нè направи горди Македонци!

Деветгодишниот Паоло Мазза (Паоло Маца) е роден во Скопје на 29-ти декември 2016 од мајка Македонка и татко Италијанец.
На Паоло од 8 месеци Рим му е дом и таму живее со своето семејство.
Уште од 6 месеци почнува да ги имитира сите кога пеат, а на 1 годинка почнува да си игра и свири сам на гитара, пијано и да тропа на сите можни тенџериња.
Тој буквално ја живее музиката, а неодамна учествуваше и на „The Voice Kids“ во Италија, каде од илјадници деца, влезе во најтесен круг од 54 и иако не продолжи понатаму, остави силен впечаток со изведбата и доби неверојатни коментари, како и апел задолжително догодина да се пријави одново.
Паоло, исто така, од 7 години компонира песни со гитара и пеење и веќе има напишано 3 песни.

Неговата мајка Ивана за CRNOBELO.com вели:
„Кога сите дечиња бараат играчки за соодветната возраст, тој секогаш излегуваше со некоја музичка – гитара, тапани, Фреди Меркјури играчка.

За роденден кога на сите деца од класот им купуваа лего, бончиња за онлајн игри, Паоло бараше каиш за електричната гитара, трзалици и футрола за нив, диџеј микс за миксање на песни, па пак гитара и така стигнавме до 6 професионални гитари (2 електрични, 1 акустична и 3 класични) и да не ги заборавиме 2-те од кога имаше 1-2 години што се играчки, ама си ги чува како најголемо богатство.

На штотуку наполнети 2 години не знаеше да зборува чисто, но знаеше да ја пее „Nessun Dorma“, песната што е дел од операта „Turandot“.
Сакавме да го запишеме во приватно училиште за музика на 3 години, но заради пандемијата почна кога имаше 4 години.

И еве веќе 5 години, 3 пати неделно, оди на пеење, гитара и групно пеење и свирење.
Паоло со неговата наставничка по пеење
Во сите овие години ниту еднаш не рече дека го боли стомак или дека нема да оди на часовите. Во текот на неделата оди и на часови по пливање и англиски.

Англискиот му помага многу за изговорот на песните, а пливањето за соодветно користење на дијафрагмата додека пее.
Во Италија има многу фестивали и Паоло почна да учествува кога имаше 5 и пол години на регионално ниво и тогаш го освои првото прво место во голема конкуренција.

