Паоло (9) од Скопје нè направи горди на „The Voice Kids“ - живее во Рим со мајка Македонка и татко Италијанец
Продолжи да се натпреварува кога имаше 7 и пол години, но овој пат низ цела Италија сè до Север и за 1 година освои 4 први места, 3 втори места, 2 трети места и 3 награди за најдобра интерпретација.

Во 2024-та година го запишавме на „The Voice Kids“ јавувајќи се на фиксен телефон, но не ни се јавија и така ни остана, како далечен сон и не пробавме пак во 2025-та година.

Во мај минатата година ни се јавија со зборовите: „Минатата година беше исполнет бројот на учесници, затоа ви се јавуваме оваа година“.
Следеа долги 5 месеци на големи селекции, видеа, аудиции во живо и на крај од илајдници учесници, Паоло заврши во 54-те деца кои влегоа во програмата во живо.

Не продолжи понатаму, но му рекоа да вети дека ќе се врати наредната година и да пее повторно за да „растури“.
Паоло даде ветување, па ќе видиме што ќе се случи.

Во видеата на презентација кои, за жал, не можат да се гледаат во Македонија, го прашуваат: „Што значи за тебе музиката?“
Тој вели: „За мене музиката е сè, ги чувствувам музичките ноти во моето срце“.
А на прашањето: „Што значи за тебе Freddie Mercury? Тој вели: „Фреди е мојот фан, кога пејам тој ја обзема мојата душа“.

И најважно од сè, Паоло е секогаш насмеан и никогаш не се откажува од ништо.
После „The Voice Kids“ продолжи да се подготвува за многу големи фестивали кои ќе почнат од април, па сè до ноември 2026“.
Погледнете го неговиот настап на „The Voice Kids“:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
