Александра од Битола беше на оскаровски викенд во Лос Анџелес: „Ми се исполни детскиот сон“
Иако огромен дел од центарот е затворен, сè е одлично организирано и се чувствува дека се работи за настан од светска важност.
Секако, како и многу други фанови, тајно се надевав дека ќе го видам Бред Пит, но овојпат немав толку среќа - можеби следниот пат.
Нашата оскаровска авантура започна со pre-party гала вечер организирана од магазинот „LA Today“, каде атмосферата беше навистина гламурозна.
Имаше гости од филмската индустрија, инфлуенсери и луѓе од шоу-бизнисот.
Интересно беше што низ просторот поминуваат познати лица од индустријата, вистинско холивудско возбудување кое обично го гледаме само на телевизија.

По гала вечерта, јас и Дамјан ја продолживме ноќта на after-party во легендарниот Roosevelt Hotel во Холивуд, место кое има посебна историска врска со Оскарите.
Токму таму во 1929 година била одржана првата церемонија.
Атмосферата таму беше навистина посебна - музика, гламур, разговори за филм и многу луѓе од индустријата кои го славеа завршувањето на најголемата филмска вечер.

Но нашата ноќ практично и не заврши, затоа што само неколку часа подоцна повторно се најдовме во Dolby Theatre.
Во 5 часот наутро веќе бевме таму на снимањето на телевизиската емисија „Kelly and Mark After the Oscars“.

За мене ова искуство не е само гламур и забава. Тоа е огромна инспирација и потсетник зошто ја сакам оваа професија.
Да се почувствува таа енергија на Холивуд одблиску навистина те мотивира да продолжиш да веруваш во своите соништа.

Нашата холивудска авантура тука не завршува.
Следната станица за мене и Дамјан е Warner Bros. студиото, каде што ќе присуствуваме на снимањето на четвртата сезона на „The Jennifer Hudson Show“.
Холивуд е место каде соништата изгледаат поблиску од кога било - и ние сме пресреќни што барем за момент бевме дел од таа магија.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
