Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се вратиме, денес децата ни се шампиони во карате“

„Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за враќање во Македонија. Искрено, и денес понекогаш ни се појавува таа мисла. Кога се преселивме, Давид имаше 4 години, а Андреа само 1 година. Отидовме во земја каде што никого не познававме и не го знаевме јазикот - токму во период кога поддршката од бабите и дедовците е најпотребна. Сега тие веќе се целосно интегрирани во шведскиот образовен систем и се шампиони во карате, на што сме навистина горди.“ - раскажува Сандра Шумантева Каевска. 

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate_-01_copy.jpg

Животот во странство ретко е совршена приказна - зад убавите фотографии стојат години адаптација, сомнежи и носталгија.

Сандра, која со сопругот Драган и двете дечиња живее во Стокхолм веќе 7 години, искрено зборува за предизвиците на новиот почеток, но и за најголемата гордост - нејзините деца, кои денес освојуваат медали во карате и растат во дисциплинирани, самоуверени личности.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-10.jpg

Колку време сте веќе во Шведска, во кој град? Која беше главната причина за вашата преселба?

Во Шведска живееме од 2019 година, во Стокхолм. Одлуката да се преселиме беше комбинација од желбата да обезбедиме подобра иднина и повеќе можности за нашите деца, како и професионална понуда за работа што ја доби мојот сопруг.

Шведска е позната по својот стабилен систем, квалитетното образование и добрата грижа за семејствата со деца, па решивме да ја прифатиме таа шанса и да започнеме ново животно поглавје.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-12.jpg

Како се адаптиравте на новата средина и култура? Колкави беа децата кога се преселивте?

Адаптацијата не беше лесна. Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за враќање во Македонија. Искрено, и денес понекогаш ни се појавува таа мисла. Културните разлики се прилично големи. Швеѓаните, како и повеќето скандинавци, се порезервирани и им е потребно повеќе време за да создадат блиски пријателства.

На почетокот ни беа интересни и некои културни разлики. На пример, кога ќе ве поканат на дружење, често секој носи свое јадење или пијалак. Кога партнерите излегуваат во ресторан најчесто секој си плаќа за себе. За нас, кои доаѓаме од култура во која гостопримството и споделувањето се многу важни, тоа беше навистина необично.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-01.jpg

Кога се преселивме, Давид имаше 4 години, а Андреа само 1 година. Сега тие веќе се целосно интегрирани во шведскиот образовен систем. За нас беше важно Давид да го научи јазикот уште пред да тргне во основно училиште, што значително му ја олесни адаптацијата.

Кој беше најголемиот предизвик при преселбата? Колку време ви беше потребно за да го научите јазикот?

Најголемиот предизвик беше да ги оставиме семејството, родителите, браќата, сестрите и пријателите со кои сме пораснале. Отидовме во земја каде што никого не познававме и не го знаевме јазикот, а притоа имавме и две мали деца – токму во период кога поддршката од бабите и дедовците е најпотребна.

Но тоа искуство нè направи посилни како семејство. Со сопругот научивме да се потпираме еден на друг и нашиот брак доби уште поголема димензија на почит и поддршка.

Јазикот е еден од најголемите предизвици за доселениците во Шведска. Интересно е што речиси сите – од млади до постари луѓе – зборуваат одличен англиски. Во институции, банки, болници или продавници комуникацијата на англиски е сосема нормална. Често дури и кога ќе започнете разговор на шведски, тие веднаш преминуваат на англиски кога ќе забележат дека сте странец.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-02.jpg

Нашите деца го научија шведскиот многу брзо бидејќи од мали беа во шведска градинка. Во образовниот систем има и голема поддршка за деца кои доаѓаат од други земји – има наставници кои им помагаат додека не го совладаат јазикот. Дополнително, ако еден од родителите не е Швеѓанец, детето може бесплатно да го изучува мајчиниот јазик како училиштен предмет.

Нашите деца го изучуваат македонскиот јазик, што за нас е особено важно.

Кога започнаа вашите деца со карате и како го избраа овој спорт? Колку пати неделно тренираат?

Давид започна да тренира карате на шестгодишна возраст, сосема случајно, благодарение на негов другар кој веќе тренираше во истиот клуб. Многу брзо го засака спортот и почна редовно да оди на тренинзи. Андреа започна минатата година и исто така веднаш покажа голем интерес.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-07.jpg

Вообичаено тренираат трипати неделно по еден час. Кога се подготвуваат за натпревари, тренинзите се зголемуваат на петпати неделно и се значително поинтензивни.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-13.jpg

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-3-4-godini-chesto-razmisluvavme-da-se-vratime-no-se-adaptiravme-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-34.jpg

Кои награди ги имаат освоено и што мислите дека е клучот за нивниот успех?

Уште од почетокот и двајцата покажаа природен талент за спортот. Можеби тоа е делумно наследено од нивниот татко, кој во Македонија се занимаваше со мешани боречки вештини (ММА).

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-08.jpg

По релативно кратко време започнаа да учествуваат на национални и меѓународни натпревари и секогаш се враќаат со медали. Еден од последните големи натпревари беше меѓународниот турнир во Хелсингборг, каде Андреа освои три златни медали – во категориите ката, кумите и тимска ката. Давид го освои третото место во кумите. Нивниот клуб го освои и првото место како најуспешен клуб на натпреварот.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-16.jpg

Клучот за успехот, според нас, е комбинација од желба, дисциплина, истрајност и љубов кон спортот. Но исто така огромна улога имаат и тренерите и клубот, кои создаваат позитивна средина за децата.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-15.jpg

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-18.jpg

За каратето, образованието и што им недостасува најмногу од Македонија разговараме на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Д-р Билјана Талевска е дерматовенеролог во Шведска – почетокот бил ужа... „Почетокот беше ужасно тежок, со 13-месечно бебе се преселив во земја за која не...
Љубовната приказна на Александра и Дамјан Дренковски: „Имавме врска на далечина, се венчавме во двор... „На почеток не му кажав дека живеам во Америка. Толку не сакав да си одам, што д...
Александра Јанева за сеќавањата на родниот град: „Секое учество на Струмичкиот карневал ми носеше но... „На 4km од Струмица, во планината Еленица има едно мирно, блажено место кое ние ...
Александра Димитровска, брачен советник: „Некогаш терапија го спасува бракот, а некогаш помага досто... „Најстариот пар кој бил на советување е на 67-68 години. Имало момент кога маж к...
Александра од Битола беше на оскаровски викенд во Лос Анџелес: „Ми се исполни детскиот сон“ „Со сопругот Дамјан присуствувавме на самата церемонија, а атмосферата беше неве...
Александра Петровска, психолог: „Работам со жени кои се срамат да кажат дека имале спонтан абортус, ... „Во Македонија, за жал, голем дел жени сè уште се плашат или се срамат да го спо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg