Астро ќоше со Миа Костова: „Ми пречи што поради Девицaта во подзнак сум контрол фрик и тоа ме носи во 24-часовна анксиозност“
- Детали
- петок, 27 март 2026
„Сакам мода и уживање во животот како типична Вага, сум правела натална карта, Снежана ми е астролог и 90% од работите ми ги кажала точно“, вели Миа Костова за CRNOBELO.com.

Нашата инфлуенсерка Миа Костова за себе вели дека е типична Вага, која сака мода, естетика, уживање во животот.
Во подзнак, пак, е Девица и за CRNOBELO.com открива дека подзнакот почнал да ѝ влијае многу по 35-тата година.
Во нашето „Астро ќоше“, Миа зборува на тема астрологија, ни кажа со кој хороскопски знак најдобро се слоќува, но и дали ги бира пријателите според хороскопот.
Прочитајте го целото интервју:
Кој е твојот хороскопски знак? И дали си типичен претставник на знакот?
Во хороскоп сум Вага, типична Вага на изглед, но не и карактерно.
Сакам естетика, мода, сакам уживање во животот, што ме прави баш Вага.

Кој ти е подзнакот и колку тој ти влијае?
Во подзнак сум Девица и многу повеќе ми влијае после 35-тата дефинитивно.
Сакам да имам контрола над секоја ситуација (дури и возење со авион), сакам сѐ да ми е подредено иако не сум фрик OCD, ама мора да знам што е, кај е.

Кои карактеристики од твојот знак ги обожаваш, а кои ги мразиш?
Од двата знаци сакам многу повеќе работи отколку што мразам.
Единствено ми пречи тоа што сум контрол фрик кој ме носи во 24-часовна анксиозност, сѐ друго ми е супер.
Исполнителна сум, точна, посветена, одговорна. За чиста петка.

Дали некогаш си донела одлука според хороскоп и каква?
Па не баш, ме притиска многу анксиозноста ако прашам и ми речат - немој сега.
Па, често не прашувам.

Дали проверуваш компатибилност според хороскопски знак? Со кој знак најмногу си одговараш?
Не, никогаш. Си одговарам пријателски најмногу со Близнаци и гоооолем дел од најблиските ми се токму Близнак.
Не одбрано - случајно.
