Јованка од Богданци: „16 години се борев со стерилитет, имав 9 ин витра, денес сум мајка на близнаци“
- Детали
- сабота, 28 март 2026
„Пред повеќе од 20 години се соочивме со стерилитет... Од блиски роднини имавме препорака за доктор кој соработува со клиника во Белград. Така млади, збунети, недоволно информирани, ајде се одлучивме на прво ин витро во Белград“, ја започнува својата приказна Јованка Апостоловска (42) од Богданци за CRNOBELO.com, која 23 години е во брак и денес е мајка на 6-годишните близнаци Костадин и Елисеј.

Јованка Апостоловска (42) од Богданци е мајка на 6-годишните близнаци Костадин и Елисеј, кои ги добила од бракот со сопругот Дејан. Парот е во брак 23 години.
Многу солзи, многу болка, многу инјекции, многу разочарувања... Но, тие денес се среќни родители на две прекрасни момчиња и велат дека иако болката не се заборава - целата борба вредела!
Јованка ја споделува својата тешка, но инспиративна приказна за CRNOBELO.com:
„16 години борба со стерилитет, 9 ин витра, од кои едно со замрзнати ембриони... Но, вредеше!
Сега сум мајка на двајца херои во буквална смисла на зборот.

Костадин и Елисеј се предвремено родени бебиња во 29-тата гестациска недела, а наскоро полнат 7 години.

Пред повеќе од 20 години се соочивме со стерилитет...
Од блиски роднини имавме препорака за доктор кој соработува со клиника во Белград. Така млади, збунети, недоволно информирани, ајде се одлучивме на прво ин витро во Белград.

Тоа, за жал, беше неуспешно. Ајде, вторпат, повторно во Белград - пак неуспешно, но овојпат имавме замрзнато ембриони.
Потоа, трето и, за жал, повторно без успех…

Тоа што кај нас беше табу-тема неплодноста во тоа време мислам дека правеше да биде многу потешко.
Потешко е кога за нешто не можеш отворено да споделиш или да разговараш со некој.

Потоа, правевме пауза чисто да се исчисти организмот од сите тие терапии и хормони.
Потоа, решивме да пробаме кај нас во Македонија четврти пат, во приватна клиника во Скопје и повторно без успех.
