Македонка преселена во Америка открива: „Кои се 4-те прашања кои најмногу ги мачат македонските иселеници?“

„Поради кризата со нафтата, цените на авионските билети растат. Многу македонски фамилии сакаат да си дојдат летото за Македонија. Но, ако отворите сега да купите билет за едно лице, во два правца, најевтината карта е околу 1.000-1.200 долари, и тоа со неколку застанувања дури се стигне до Скопје. За 4-члено семејство, треба да се плати околу 5.000 долари, без вклучени куфери“, споделува Марија Главчева (37).

marija-od-amerika-prashuva-imigracionen-advokat-koi-se-4-te-prashanja-koi-najmnogu-gi-machat-makedoncite-01.jpg

Марија Главчева (37) родена е во Гевгелија, а сега живее во околината на Чикаго. Таа е новинарка, авторка и водителка на подкастот „Марија во Америка“.

Таа за CRNOBELO вели:

„Да живееш во Америка без среден статус не е веќе воопшто едноставно и лесно.

Сè повеќе ги затегнуваат работите и едноставно не можеш да функционираш нормално“.

marija-od-amerika-prashuva-imigracionen-advokat-koi-se-4-te-prashanja-koi-najmnogu-gi-machat-makedoncite-03.jpg

За таа цел, гостин во најновата епизода на подкастот ‘Марија во Америка’ беше имиграционен адвокат во Чикаго, за да одговори на сите прашања и проблеми што ги мачат нашите таму, како и сите оние кои сакаат да одат во Америка, како може да го сторат тоа.

marija-od-amerika-prashuva-imigracionen-advokat-koi-se-4-te-prashanja-koi-najmnogu-gi-machat-makedoncite-02.jpg

Кои се најголемите проблеми на Македонците во САД, според Марија:

Забраната на Америка за издавање на зелени карти на Македонци

Има многу загрижени Македонци кои им аплицирале на родителите или најблиските за зелени карти. Е сега, поради забраната на Америка за издавање на зелени карти на Македонци во Македонија, сите тие барања се ставени на чекање.

Што понатаму? Одговорот ќе го добијат во најновата епизода на подкастот „Марија во Америка“, која е најдолу во статијата.

marija-od-amerika-prashuva-imigracionen-advokat-koi-se-4-te-prashanja-koi-najmnogu-gi-machat-makedoncite-05.jpeg

Депортација

Депортацијата мислам дека е проблем за Македонците кои сè уште се трудат и работат на тоа да го средат статусот или легалниот престој.

Нормално е дека се исплашени од моменталните депортации на луѓето со нелегален престој, затоа што живеат во една неизвесност и не знаат што може да донесе денот.

marija-od-amerika-prashuva-imigracionen-advokat-koi-se-4-te-prashanja-koi-najmnogu-gi-machat-makedoncite-04.jpeg

Скапи авиобилети

Поради кризата со нафтата, цените на авионските билети растат. Многу македонски фамилии сакаат да си дојдат летото за Македонија.

Но, ако отворите сега да купите билет за едно лице, во два правца, најевтината карта е околу 1.000-1.200 долари, и тоа со неколку застанувања дури се стигне до Скопје. Во превод, за 4-члено семејство, треба да се плати околу 5.000 долари само за авионски билети, и тоа не баш најдобри летови, со невклучени куфери.

Така што мислам дека авионските карти оваа година се доста качени (кој си купи со време супер, се спаси), кој не, со среќа периодов.

marija-od-amerika-prashuva-imigracionen-advokat-koi-se-4-te-prashanja-koi-najmnogu-gi-machat-makedoncite-06.jpeg

Проблеми во бизнисот со камиони поради поскапената нафта

Од војната со Иран и настаната криза со нафтата, цената на нафтата е многу висока, а тоа ги ефектира Македонците кои се директно вклучени во бизнисот со камиони.

Тоа е исто причина за загриженост кај нашинците овде кои ги има многу и чијашто егзистенција зависи од заработката со камионите.

Погледнете го подкастот со Филип Чичевалиев, имиграционен адвокат во САД:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Љубовната приказна на Марија од Куманово и Ваман од Индија: „Се запознавме во Лондон, сега живееме в... „Тој дозна за Македонија кога се запознавме. Јас живеев во Виена, а тој доаѓаше ...
Ален, дете родено по силување во војната во БиХ, за CRNOBELO: „Мајка ми никогаш не ме прегрна, тоа м... „Со биолошката мајка има моменти кои останаа недовршени. Нешто што отсекога...
Љубовната приказна на Ведрана и сопругот Андрија: „Првата порака ми ја остави на 'seen', по една и п... „Кога се видовме во Охрид следната година, ми кажа дека раскинал со девојката, п...
Виктор Апостоловски за татковството: „Да ми кажуваше некој дека ќе се радувам на полна пелена немаше... „На почетокот ми беше очекувано сите да ни делат совети за бебето, па и не реаги...

Најчитани неделава