Габриела Коцев: „На 21 година дознав дека имам вродена аномалија на матката и ендометриоза, сега сум мајка“

Како дојде дијагнозата ендометриоза потоа и како таа влијае на плодноста? Што предизвикува?

Ендометриозата ми беше откриена при самата операција, бидејќи имав симптоми многу обилни менструални циклуси и силни болки за време на циклусот, кои знаеја да бидат навистина тешки.

Оваа состојба најчесто сигурно се дијагностицира преку лапароскопија, што и беше случај кај мене.

Ендометриозата е состојба каде ткиво слично на слузницата на матката расте надвор од неа, на јајници, јајцеводи или други делови во карлицата. Тоа предизвикува воспаленија, болки и многу често доведува до создавање на сраснувања.

Кај мене, ендометриозата ги имаше зафатено и јајцеводите, тие беа запушени, па при операцијата ми ги чистеа.

Но, за жал, тоа не е трајно решение, бидејќи со тек на време повторно може да дојде до запушување.

Токму тоа е една од главните причини зошто оваа состојба влијае на плодноста, кога јајцеводите не се проодни, оплодувањето е многу отежнато или невозможно по природен пат.

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-09.jpeg

Дали доби различни мислења од лекари и колку беше тоа збунувачко?

Искрено, не. Релативно сите лекари кај кои бев на преглед имаа слични мислења.

Нивните проценки и прогнози се поклопуваа, што од една страна ми даваше јасна слика за состојбата, но од друга страна беше и тешко за прифаќање.

Ти било кажано дека можеби нема да можеш да имаш деца... Како се справуваше психички со притисокот и неизвесноста?

Да… скоро секој доктор отворено и, за жал, често без многу емпатија, ми кажуваше дека е речиси невозможно да имам деца.

Тоа се зборови што многу тешко се слушаат, без разлика колку си силен.

Првата година бев повеќе збунета, отколку свесна за тежината на ситуацијата.

Имав само 21 година и, искрено, не ја сфаќав целосно сериозноста на проблемот. Но, како што поминуваше времето, сè повеќе станував свесна и тогаш почна да ми станува навистина тешко.

Имаше многу страв, неизвесност, моменти на тага, но она што ме одржа беше огромната поддршка од моите најблиски.

Тоа ми даде сила да не потонам психички и да продолжам напред.

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-15.jpg

Како реагираше партнерот? Во кој дел од процесот на лекување го запозна?

Партнерот го запознав пред да дознаам за дијагнозата. Веќе бевме во врска кога дознав дека имам проблем, и искрено, мојата прва реакција беше да се повлечам.

Сакав да ја прекинам врската, бидејќи не сакав да го „врзам“ за себе и да го лишам од можноста да има деца.

Но, тој не сакаше ни да слушне за тоа. Остана покрај мене без двоумење, со став дека дури и да немаме свое биолошко дете, пак ќе бидеме заедно. Тоа беше момент кога сфатив колку вистинска љубов и поддршка имам покрај себе.

Денес, кога ќе погледнам назад, сум му неизмерно благодарна што не ме остави во тие најтешки моменти. Бидејќи токму ние двајцата, заедно, поминавме низ сè и денес сме благословени со две наши дечиња.

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-07.jpeg

Како реагираше кога дозна дека си бремена првиот пат?

Тоа беше момент што не се опишува со зборови. Среќа, шок, солзи сето тоа измешано.

После битките што ги поминав, тоа беше доказ дека чуда постојат.

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-03.jpeg

Дали бременостите беа ризични и како ги следеа лекарите?

Да, беа следени како ризични бремености.

Имав почести контроли, повеќе внимание од лекарите, но тоа ми даваше и сигурност дека сè се следи како што треба.

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-02.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Наде Молеровиќ (68), инспиративна жена - Била директорка на училиште, сега е пензионер што граба со ...  „На 68 години, во пензија, никогаш не сум се чувствувала поживо. А најголе...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...

Најчитани неделава