Габриела Коцев: „На 21 година дознав дека имам вродена аномалија на матката и ендометриоза, сега сум мајка“

Какво беше искуството со природно породување, а какво со царски рез?

Искрено, моето искуство со природно породување беше доста тешко. Кај ваква аномалија на матката, често се случува грлото на матката потешко да се отвора, иако контракциите се силни и интензивни.

Кај мене токму тоа се случуваше - имав многу јаки контракции, а отворањето одеше бавно, па процесот беше напорен и исцрпувачки.

Од друга страна, кај царскиот рез не ги доживуваш тие природни контракции на истиот начин, бидејќи породувањето е контролирано и поинаку организирано.

Што се однесува до закрепнувањето, искрено можам да кажам дека и двата пати ми беа подеднакво болни.

Првиот пат беше природно породување со епизиотомија, а вториот пат царски рез - и во двата случаи бев шиена, и болката беше присутна.

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-04.jpeg

Како се чувствуваш денес кога ќе погледнеш назад на целиот пат?

Денес се чувствувам благодарна. Кога ќе погледнам назад, гледам колку сум била силна, и колку секој чекор вредеше.

Што би им порачала на жени кои се соочуваат со слични проблеми?

Да не се откажуваат. Да бараат мислења, да веруваат во себе и да знаат дека не се сами.

Секоја приказна е различна, но надеж секогаш постои.

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-17.jpg

Дали сметаш дека доволно се зборува за ваквите состојби кај нас?

Да, мислам дека во последно време сè повеќе се зборува за овие теми, и навистина ми е многу драго што жените почнаа отворено да споделуваат низ што поминале.

Ова не е тема за сожалување, туку за охрабрување. Секоја ваква приказна е порака до сите жени кои се борат да станат мајки дека не се сами, дека треба да бидат силни и да не се откажуваат.

Важно е да се зборува, затоа што токму така се дава надеж и се покажува дека чуда навистина се случуваат.

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-16.jpg

Што би сакала да знаеше на 21 година, а го знаеш денес?

На 21 година сигурно би сакала да знам, но денес знам дека секое искуство, секоја тешкотија и секоја радост ме направија тоа што сум. Станав посилна, похрабра и посвесна.

Ништо не би менувала и би го поминала истиот пат повторно.

Господ секогаш ни дава тежина која знае дека можеме да ја издржиме и со која ќе научиме да се бориме. Сè се случува со причина и точно во вистинскиот момент.

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-13.jpg

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-06.jpeg

gabriela-kocev-na-21-godina-doznav-deka-imam-vrodena-anomalija-na-matkata-i-endometrioza-sega-sum-majka-05.jpeg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Наде Молеровиќ (68), инспиративна жена - Била директорка на училиште, сега е пензионер што граба со ...  „На 68 години, во пензија, никогаш не сум се чувствувала поживо. А најголе...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...

Најчитани неделава