Јаков Јозиновиќ за CRNOBELO по концертот во Скопје: „Деца ме препознаа во Крушево, ми ја пееја мојата песна - останав без текст“
Па, го прашав какво е чувството кога и низ Македонија не може да помине раат по улица, без да го запрат и препознаат фанови.
„Неверојатно е. Имам една смешна приказна. Дојдовме во Крушево, излегов јас од комбето и таму имаше автобус со деца од школо, дојдени на екскурзија, имаа по околу 10 години.

И коментирам со менаџерката со мојот пријател, им велам, ‘Нема шанса да знаат кој сум’.
И поминувам покрај нив и тие сите починаа на глас да ја пеат “Ја волим“, мојата песна. Останав без текст.

Тоа ми потврди дека и во Македонија ме знаат, ме препознаваат и ценат и јас сум во шок веќе три дена, но тоа е прекрасно.
Па ако не можам да поминам по улица без да ме препознаат, тоа е само потврда дека публика ме прифатила и ме поддржува. А тоа е најважно, на крајот од денот“, ни кажа тој.

Кликнете и погледнете неколку видеа од концертот на Јаков во Скопје:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело