Ален, дете родено по силување во војната во БиХ, за CRNOBELO: „Мајка ми никогаш не ме прегрна, тоа ме боли најмногу“

„Со биолошката мајка има моменти кои останаа недовршени. Нешто што отсекогаш сум сакал да го направам - да ја гушнам, да ја наречам мајка, тоа никогаш не се случи. Ја запознав, да, секој си ја раскажа својата приказна, но немаше блискост, немаше прегратки и тоа ме боли“, вели за CRNOBELO.com Ален Мухиќ, кој е дете зачнато од силување.

alen-dete-rodeno-po-siluvanje-vo-vojnata-vo-bih-za-crnobelo-bioloshkata-majka-nikogash-ne-me-pregrna-toa-me-boli-najmnogu-01_copy.jpg

Ален Мухиќ е дете зачнато при силување, во времето на војната во Босна и Херцеговина.

Неговата животна приказна веќе некое време силно одекнува во регионот, а тој секогаш со многу емоции зборува за своето детство со родителите што го посвоиле, за средбата со биолошката мајка која не била ни малку топла, но и за соочувањето со мажот кој ја силувал мајка му и кој не сакал да признае дека му е татко - зашто тогаш би требал да одговара за својот злочин.

Сите свои спомени, неодамна Ален ги преточи во зборови, во книгата „Јас сум Ален“, а во која го опишува својот живот исполнет со сомнеж во себе, со празнина зашто родената мајка никогаш не го гушнала, но и надеж дека неговите три сина ќе имаат убав живот и иднина.

alen-dete-rodeno-po-siluvanje-vo-vojnata-vo-bih-za-crnobelo-bioloshkata-majka-nikogash-ne-me-pregrna-toa-me-boli-najmnogu-12.jpgАлен во интервју за CRNOBELO.com

Дел од ова, Ален го раскажа и во интервју за CRNOBELO.com, кое го направивме при неговата неодамнешна посета на Скопје.

Иако работите за кои разговаравме, досега ги раскажал неколку стотици пати, не успеа да ги сопре емоциите... на моменти со насолзени очи и трепет во гласот сподели тешки интимни приказни, а со кои, вели, сака да си олесни себеси, но и да ја рашири свеста дека не е единственото дете родено од злочин, туку дека се илјадници и дека тој факт не смее да се занемари ни заборави.

Прочитајте го емотивното интервју со Ален:

Низ регионот ја промовирате книгата „Јас сум Ален“, посветена на вашиот живот, со акцент на тоа дека сте дете родено од силување во војната во Босна. Колку нејзиното пишување ви донесе психички мир, емоционално ослободување?

Најголемата борба беше како всушност да се напише книгата и што треба да пишува во неа...

Сите овие промоции што моментално се прават на Балканот, вклучувајќи ги Хрватска и Србија и Црна Гора, сега и Македонија, оставаат многу длабок белег врз мене, и ми даваат до знаење дека ние, како Балкан, сме една голема заедница, а дека јас, од психолошки аспект, добивам поддршка.

Жртвата не познава ни вера ни нација. Жртвата е жртва, сторителот е сторител.

alen-dete-rodeno-po-siluvanje-vo-vojnata-vo-bih-za-crnobelo-bioloshkata-majka-nikogash-ne-me-pregrna-toa-me-boli-najmnogu-02.jpg

Што ви беше најтешко да напишете, да споделите со читателите?

Генерално ми беше многу тешко да почнам да пишувам. Дали треба да почнам со тоа дека сум Ален Мухиќ, дете родено од воен злочин. Во суштина мислев дека тоа ќе биде најтешко, но не беше.

Најтешко ми беше да пишувам за биолошката мајка, затоа што требаше да се вратам некои 15 години наназад и да се сетам на моментите коишто останаа недовршени.

Нешто што отсекогаш сум сакал да го направам, да ја гушнам, бакнам, да ја наречам мајка - тоа не се случи никогаш.

alen-dete-rodeno-po-siluvanje-vo-vojnata-vo-bih-za-crnobelo-bioloshkata-majka-nikogash-ne-me-pregrna-toa-me-boli-najmnogu-08.jpg

Никогаш?

Не, никогаш не се случи. Мислам, јас ја запознав, тоа стои, двајцата си ја раскажавме нашата приказна, но немаше блискост, немаше прегратки.

Тоа беше најтешкото нешто да го напишам, некако на правилен начин, за првенствено моите деца да ме сфатат.

Мислам, тие треба да знаат дека ја имаат таа баба која живее на крајот од светот, која во суштина е баба, а не е баба, која ми е мајка, а во суштина не ми е мајка, и тоа се некои работи со кои јас и денес се борам.

Тоа навистина ме погоди.

Прво емотивно ме исцрпи, но морав да продолжам да пишувам и на крајот собрав сила, и знаев дека го направив тоа за моите деца, да можат тие да разберат, а да може да разберат и децата со кои јас пораснав и кои не знаеја како се чувствувам во еден дел од мојот живот и дека ги совладав тие некои пречки во однос на запознавањето на мојата биолошка мајка и на биолошкиот татко.

Ете, тоа ми беше најтешко за пишување.

alen-dete-rodeno-po-siluvanje-vo-vojnata-vo-bih-za-crnobelo-bioloshkata-majka-nikogash-ne-me-pregrna-toa-me-boli-najmnogu-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...

Најчитани неделава