Љубовната приказна на актерите Марија Лазарова и Марко Трајковиќ: „Ќерка му го избрала свршеничкиот прстен“
Марко има ќерка... Како изгледаше твојата прва средба со неа? Како те прифати таа? Дали Марко однапред ја подготвувал за средбата со тебе?
Ќерката на Марко, Луна, ја запознав после претстава и таа мене многу убаво ме прими, ме поздрави со прегратка.
Марко ја подготвил на тоа, и ние имаме многу другарска комуникација.
Дотолку што таа всушност го одбрала вереничкиот прстен.
Јас сум многу благодарна што Луна е толку прекрасно дете и што сум така прифатена од нејзина страна.

А како изгледаа првите средби со семејствата? Дали, твоите, веднаш го прифатија или имаше мал отпор поради фактот што има дете?
Моите веднаш го прифатија Марко, мислам, не може да не прифатат толку природен и прекрасен човек.
Исто и неговото семејство мене - многу сум благодарна за тоа какви луѓе се и во каква фамилија си паднав.
Фактот што Марко има дете не претставува причина за каков било отпор, ниту од моја страна ниту од моето семејство, напротив, ние сметаме дека тоа е благослов.
Моите родители се луѓе кои ги ценат семејните вредности, и за нив човекот пред сè мора да е човек.

Кој е поромантичен - ти или тој? Која е најубавата романтична работа што ја направил за тебе, или ти за него во овие неколку месеци?
И двајцата имаме исто ниво на романтика, ист хумор, ист вкус за нештата, исти размислувања, Марко е мојот најдобар пријател.
Најромантична работа што ја направил за мене е што напиша кратка поезија опишувајќи ја љубовта кон мене, тоа што ми пишува монодрама која тој ќе ја режира и тоа што ми стана дом.
Инаку, хороскопот и нумеролошкиот број ни се компатибилни, а Марко ме потсетува секогаш дека сме судени еден за друг.
Тој е 9 јас сум 6. Тој е Скорпија - Бик - Скорпија, јас Бик - Лав - Рак.
Се најдовме во период од животот каде и двајцата влечевме скршени срца во градите, со тон животни предизвици, па можам да кажам дека за вистинска љубов и врска не треба совршени услови или правилни години.

После колку време врска те запроси тој? Како изгледаше моментот и дали очекуваше дека баш тогаш ќе те побара за сопруга?
Ние сме можеби пола година во врска, не бројам.
Ме запроси на семеен заеднички ручек, сите ги расплака, јас бев купена секако, ова беше само официјализирање.

Кој од семејството се израдува најмногу?
Не можам да кажам бидејќи сите се во некој убав делириум, но по нивото на плачење, мислам дека баба ми Роза и дедо му Дино, (ха, ха).

Почнуваат ли плановите за свадба? Знаеш ли каква сакаш да ти е венчаницата, дали тоа ќе биде нешто интимно, големо или журка?
Искрено, немаме план за свадба.
Но, точно знаеме каква ќе биде и можам да кажам дека ќе е во наш стил.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело