Љубовната приказна на актерите Марија Лазарова и Марко Трајковиќ: „Ќерка му го избрала свршеничкиот прстен“
- Детали
- среда, 22 април 2026
„На Марко вистински 'паднав' кога видов колку е скромен, природен, народен човек со големо срце. Потоа, кога видов каков однос има со ќерка му, сфатив дека сакам таков татко за моите деца. И да, на првиот 'дејт' се договоривме да се венчаме“, вели актерката Марија Лазарова за CRNOBELO.com.

Марија Лазарова (30) од Скопје е студент по глума и има уште еден семестар до дипломирањето, но и професионален шминкер и social media лице.

Таа неодамна ми кажа ДА на актерот Марко Трајковиќ (34) од Куманово, кој работи во Кумановски театар. Тој глуми и во филмови („Убиј ги прво децата“), а се занимава и со стенд-ап.

И како што се случува најчесто во романтичните филмови, Марија и Марко се запознале случајно, по една негова претстава, пред околу 6 месеци, а веќе се свршени и ги реализираат своите планови да го поминат остатокот од животот заедно.
За љубовната приказна која почнала спонтано, но многу интензивно, за запознавањето на Марија со ќерката на Марко, но и средбите со нивните семејства, таа раскажа во интервју за CRNOBELO.com:
Како почна вашата љубов? Кога и како се запознавте и дали беше тоа љубов на прв поглед?
Јас и Марко се вљубивме на прв поглед.
Ја гледав претставата „Калигула“, каде тој игра главна улога, се фасцинирав од неговата работа и отворено му честитав и навивав за негов успех како актер на кој му се огледувам.
Но, веднаш штом се запознавме се почувствува многу силна енергија, па ни требаше некое време да развиеме контакт и да си признаеме дека ниту јас ниту тој не престанавме да мислиме еден на друг.

Кој од двајцата го направи првиот чекор?
Мислам дека јас го направив првиот чекор користејќи ја приликата да му честитам одлична улога, прегрнувајќи го (ха, ха).
Но, кога започнавме со комуникација, Марко беше многу директен за тоа како ме доживува.
Во исто време си ги отваравме пораките еден на друг, мислам дека спиевме со телефон во рака една недела цела.
Одлучивме да се видиме, дејтот траеше 8 часа и ние се договоривме дека двајцата сакаме да сме во врска. За многу сериозно (ха, ха).

Со што те освои Марко? Кои квалитети ги поседува, а поради што се вљуби во него?
Морам да признаам дека Марко ме освои со неговата предаденост на сцена и бев шокирана колку е презгоден!
Но, вистински „паднав“ кога видов колку е скромен, природен, народен човек со многу, многу големо срце.
Не бев имуна на конекцијата што се случи меѓу нас и знаев дека Марко е ТОЈ.
Потоа, кога видов каков однос има со ќерка му, сфатив дека сакам таков татко за моите деца.

Дали е вистина дека на првиот љубовен состанок сте се договориле дека ќе се венчате?
Вистина е дека на првиот дејт се договоривме да се венчаме.
Јас и Марко се разликуваме за некои нешта, но животните вредности ни се исти, страста ни е љубовен јазик и сме карактери за кои лојалноста е на прво место.
Само сакавме нашите семејства да имаат простор да се навикнат на нашата врска.
