Каде е и што прави денес Елвир Мекиќ, кој ги оптеа хитовите „Опасно“ и „Некаде после 2“?
- Детали
- вторник, 12 мај 2026
Во 2000-тите Елвир Мекиќ беше миленик на тинејџерките - денес е посветен татко и сопруг, кој живее со семејството во Сараево. За CRNOBELO.com, Елвир откри каде е и што прави денес...

Елвир Мекиќ се појави на музичката сцена на почетокот на 2000-тите години.
Првиот настап го имаше заедно со Јованка, како дел од групата „Тик так“ на Скопски фестивал во 2001 година, кога ја испеаја песната „Мојот живот“.
Не помина долго пред дуото да се „распадне“, а Елвир како соло изведувач да стане еден од милениците на женската публика кај нас.

Меѓу неговите поголеми хитови се „Опасно“ во дует со Маја Саздановска, „Армија“, и секако „Некаде после 2“.
Секогаш насмеан, позитивен, но и енергичен на сцената, Елвир создаде име за себе, кое публиката не го заборави ни во годините кога не беше музички активен.

Каде е и што прави денес Елвир Мекиќ, ни откри во разговорот за CRNOBELO.com, а со нас сподели и исечоци од весници и списанија од минатото:
Елвир се ожени, доби син и се пресели во Сараево, каде што живее и денес со семејството.
Работи во компанија во сферата на продажбата.

За својата работа вели:
„Работата во продажба е нешто сосема различно од музиката, но има своја динамика и предизвици.
Ме научи на дисциплина, комуникација и секојдневна борба со различни ситуации и луѓе.
Искрено, уживам во тоа што го правам, ми дава стабилност и баланс во животот“.

За животот во Сараево, што му е најубаво таму, дали му фали Скопје и колку често се враќа дома, тој вели:
„Сараево ми даде еден нов мир и поинаков ритам на живот.
Град со душа, луѓе со топлина и атмосфера која навистина знае да те освои.
Секако дека Скопје ми недостига - тоа е мојот дом, таму ми се корените, пријателите и сеќавањата. Се враќам секогаш кога можам, бидејќи тој град е дел од мене“.

