Инспиративен лик: Д-р Ѓорѓи Паскалов, наш педијатар - ужива во блуз, свири усна хармоника, пациентите го обожаваат
- Детали
- вторник, 19 мај 2026
„Секое утро ми започнува со истата песна, Heart of gold од Нил Јанг и големо турско кафе, а мирот го пронаоѓам кога ќе ги прегледам сите резултати и ќе вратам на сите пораки, и пуштам музика до заспивање или се релаксирам со скандинавска кинематографија“, вели д-р Ѓорѓи Паскалов, еден од нашите најпознати и најценети педијатари.

Д-р Ѓорѓи Паскалов е еден од нашите најпознати и најценети педијатари, но и семеен човек, и човек со страст за музика.
Обожава скандинавска конематографија, а секое утро го започнува со неговата омилена песна Heart of gold од Нил Јанг.

Негови верни пациенти се оние најмилите, најмалите и најделикатните, па само човек со срце како неговото може на толку посветен начин да си ја работи работата на таков начин.
Овој пат со него не разговаравме на тема медицина, туку на тема каков е приватно и што во животот прави срцето да му игра.

Д-р Ѓорѓи Паскалов споделува за CRNOBELO:
Како ви започнува денот? Со кафе, музика или...? Имате ли утрински ритуали?
Секое утро со истата песна, Heart of gold од Нил Јанг и големо турско кафе.

Ваш омилен музички стил и дали свирите некој инструмент?
Свирам усна хармоника, блузот е мојот омилен стил.

Вашето животно мото е...
Чувствата не се факти.
Најважната лекција што ја научивте од вашите родители?
Дека ако не уживаме во моментот, денот е само форма на поминато време.

Колку докторите педијатри се посебни како луѓе? Во што се крие вашата уникатност?
Немањето на дијалог со малите пациенти за помош околу симптомите...
Педијатрите развиваат посебено сетило за откривање на истите. Мислам дека тука е посебноста.
