Инспиративен лик: Д-р Ѓорѓи Паскалов, наш педијатар - ужива во блуз, свири усна хармоника, пациентите го обожаваат

Кое е вашето хоби? Во што сте вљубеник? Што ве радува најмногу?
Музика, свирењето на инструмент е некоја посебна радост без која не би можел.
За среќа, моите другари сите се музичари меѓу кои ја сум најлошиот, ама имам јас свои моќи.

Каков беше животот некогаш, каков денес, односно по што сте најносталгични?
Беше поумерен и реално динамичен, за жал, како поминува времето оваа модерна ера пробува да го прави хаотичен.
Ми фали времето кога секој си ја знаеше својата професија и се слушавме едни со други, но јас сум оптимист.

Како изгледа за вас едно совршен слободен ден?
Фамилијарен собир со ручеци и долги разговори, по што следи скандинавска кинематографија.
Како ви завршува денот? Каде го пронаоѓате својот мир?
Кога ќе ги прегледам сите резултати и ќе вратам на сите пораки, пуштам музика до заспивање.
Во врска со мирот зависи, веројатно помислата дека сите се добри околу мене.

Што си посакувате за 10 години од сега?
Да го гледам син ми среќен во патот што го одбрал.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
фото: Маја Аргакијева, Петров / приватна архива
