Анастасија oд Скопје: „Бев на гала вечер на Кански фестивал, продадов свој фустан, Шерон Стоун држеше говор“
Кога седнав на масата и го видов официјалниот каталог на вечерта, каде што меѓу светски познатите имиња стоеше и моето име, заедно со фотографија од мојата креација која беше дел од аукцијата, очите ми се наполнија со солзи.
Во тој момент не размислував за успех, престиж или гламур. Само си помислив: „Ова е тоа за што живеам. Ова е тоа за што создавам“.


Тоа беше еден од оние моменти што никогаш не се забораваат.
Вечерта дополнително ја одбележа и говорот на Шерон Стоун, која беше специјална гостинка на настанот.

Наместо да зборува за гламурот и славата, таа зборуваше за хуманоста, емпатијата и важноста на вистинската човечка поврзаност. Пораката што најмногу ми остана во сеќавање беше дека во свет во кој сите сме постојано на телефоните, не смееме да заборавиме да се погледнеме во очи и да бидеме присутни еден за друг.
Тоа беше еден од оние моменти кога целата сала замолкнува и навистина слуша.

Она што најмногу ме изненади беше интересот што луѓето го покажуваа кога ќе слушнеа дека доаѓам од Македонија и дека имам сопствен моден бренд.
Многумина сакаа да дознаат повеќе за мојата работа, за колекциите и за приказната зад A2 Atelier. Тогаш сфатив дека навистина не постојат граници кога доволно веруваш во тоа што го создаваш.

Освен прекрасното искуство, Кан ми донесе и нешто многу вредно – нови познанства, нови контакти, покани за идни соработки и можности за понатамошен развој на брендот.
За мене тоа беше доказ дека секој труд, секоја непреспиена ноќ и секој ризик што сум го презела вределе.

Кога го отворив A2 Atelier имав големи соништа, но никогаш не очекував дека толку брзо ќе се најдам во друштво на луѓе кои со години ги гледав само на телевизија и на црвени теписи.
Ова патување не го гледам како врв на една приказна, туку како почеток на ново поглавје. А ако нешто научив од Кан, тоа е дека понекогаш најголемите соништа навистина се остваруваат – чекор по чекор.

И можеби токму затоа ова не го паметам само како патување во Кан.
Го паметам како моментот кога за првпат почувствував дека A2 Atelier не е само бренд што го создадов во Скопје, туку приказна што има потенцијал да биде препознаена и надвор од Македонија.

Искрено, мислам дека ова е само почетокот“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело