Кристина од Скопје за животот и студиите во Рим: „Тука студентите се поопуштени – нормално е некој да задоцни на предавање“

Дали животот во Италија навистина е како на филм? Што ти беше најголем културен шок и дали ти беше тешко да се навикнеш?

Мислам дека Рим е еден од ретките градови што навистина може да направи да се чувствуваш како да си во филм, особено кога секојдневно поминуваш покрај места што претходно си ги гледал само на фотографии или во филмови.

Но, кога ќе почнеш да живееш таму, сфаќаш дека покрај убавата страна постои и реалниот студентски живот.

Искрено, немав некој огромен културен шок бидејќи мислам дека по менталитет доста си одговарам со Италијанците.

kristina-velkovska-od-skopje-za-zhivotot-i-studiite-vo-rim-05.JPG

Ми се допадна тоа што не брзаат постојано и знаат повеќе да уживаат во моментот.

Единствено ми требаше време да се навикнам на целосната самостојност и на сите секојдневни обврски што доаѓаат со животот во странство.

kristina-velkovska-od-skopje-za-zhivotot-i-studiite-vo-rim-09.JPG

Колку се разликува студирањето од Македонија? Што би сакала да се применува во Македонија, а што од Македонија би сакала да се применува во Италија?

Студирањето во Италија ми беше поразлично од она на кое бев навикната во Македонија.

Таму студентите имаат поопуштен пристап и поголема слобода, па на пример, сосема нормално беше некој да задоцни неколку минути на предавање без тоа да биде проблем. Кај нас сепак има поголема дисциплина и точност.

Она што најмногу ми се допадна е интернационалната средина и можноста секојдневно да запознаваш луѓе од различни држави и култури.

Од Македонија, пак, би ја издвоила поблиската комуникација помеѓу студентите и професорите, што мислам дека кај нас е многу подобро.

kristina-velkovska-od-skopje-za-zhivotot-i-studiite-vo-rim-23.JPG

Дали следиш предавања на италијански? Дали течно го зборуваш јазикот и колку време ти требаше да го совладаш?

Предавањата ми беа на англиски јазик бидејќи студирав во интернационална програма, но со тек на време почнав сè повеќе да го користам и италијанскиот јазик во секојдневниот живот.

Животот во Рим многу ми помогна подобро да го разберам јазикот, особено преку комуникација со локалци и секојдневни ситуации.

kristina-velkovska-od-skopje-za-zhivotot-i-studiite-vo-rim-14.JPG

Сè уште не го зборувам течно, па затоа и понатаму посетувам курс по италијански, но можам сосема добро да комуницирам и да се снаоѓам.

Дефинитивно престојот таму многу ми помогна побрзо да напредувам и да се чувствувам посигурно во комуникацијата.

kristina-velkovska-od-skopje-za-zhivotot-i-studiite-vo-rim-15.JPG

Како изгледа студентскиот живот во Италија? Има ли време за дружење со колеги, каде најчесто излегувавте, што правевте во слободно време?

Студентскиот живот во Италија е навистина динамичен и многу поразличен од она што го замислував пред да се преселам таму.

И покрај факултетот и моделингот, секогаш имаше време за дружење, кафе после предавања или спонтани излегувања низ градот.

Освен кафе, многу често одевме и на аперитиво после факултет со друштво и пријатели, што е навистина голем дел од италијанската култура и начин на живот.

kristina-velkovska-od-skopje-za-zhivotot-i-studiite-vo-rim-03.JPG

Во Рим луѓето многу повеќе уживаат во моментот и социјалниот живот им е важен дел од секојдневието.

Најчесто излегувавме на вечера, rooftop барови или едноставно шетавме низ градот, бидејќи самиот Рим има посебна атмосфера.

Најомилено ми беше кога откривавме локални места што не се вообичаено туристички, мали ресторани, барови и улици за кои најчесто знаат само Италијанци или луѓе што живеат долго време во Рим.

kristina-velkovska-od-skopje-za-zhivotot-i-studiite-vo-rim-22.JPG

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Борјан од Скопје за животот во Рим: „Кафето е најубаво во мали барови без туристи, бирократијата ме ... „Кога живееш тука, откриваш дека магијата на градот се крие во малите утрински р...
Никола од Скопје и Нардос од Етиопија: „Се запознавме на Фејсбук во христијанска група за самци, се ... „Се венчавме во Бигорски манастир, мојот духовен отец Партениј нè венчаше, тој м...
На одмор со Кристина во Сикиа, на вториот крак во Грција: „Шетаме по различни плажи, децата не тргаа... „Самата плажа Sykia beach е огромна и има голем простор за сопствена опрема, но ...
Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија „Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.  По...
Розета од Скопје, мајка на Атанасиа (2): „Ќерка ми се роди со криви стапала, ѝ беа гипсирани до преп... „Атанасиа се роди со криви стапала, доби дијагноза Еквиноварус Талипес на д...
Михаела (26) од Гевгелија е тениски судија: „Понекогаш судам и по 3 меча на ден, сум пропуштила важн... „Две недели откако се здобив со лиценца за судија, имавме турнир - не можев да в...

Најчитани неделава