Александар Пендароски, зет на Галичка свадба: „Женската носија тежи 25kg, моите родители се венчаа во Галичник во 1991-ва“

„Имам одредено искуство со јавање, но сепак дополнително се подготвував. Тоа е еден од највпечатливите моменти на свадбата и сакам да го доживеам и да го изведам како што доликува на традицијата“, вели за CRNOBELO.com Александар, чии родители први се венчале на Галичка свадба во 1991 и ги поставиле модерните темели на оваа традиција.

aleksandar-pendaroski-zet-na-galichka-svadba-zhenskata-nosija-tezhi-25kg-moite-roditeli-se-venchaa-vo-galichnik-vo-1991-va.fw.jpg

Александар Пендароски (34) е координатор во оперативниот сектор (Flight Operations) на Меѓународниот аеродром во Скопје, а неговата идна сопруга Мартина (30) е докторка, специјализант по кардиологија.

Тие годинава на Петровден (12 јули) ќе бидат зетот и невестата на Галичка свадба, и тоа цели 35 години откако во 1991-ва родителите на Александар биле првите младоженец и невеста на истата оваа традиционална манифестација.

Подготовките се во тек, а за точно еден месец, тие ќе ги испочитуваат сите адети, ќе заиграат сретсело, ќе се венчаат во малата црква и ќе се заколнат на вечна љубов пред бога.

aleksandar-pendaroski-zet-na-galichka-svadba-zhenskata-nosija-tezhi-25kg-moite-roditeli-se-venchaa-vo-galichnik-vo-1991-va-08_copy.jpeg

За тоа како течат подготовките, колку е тешка облеката што ќе ја носат, но и за свадбата на неговите родители, Александар раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

Уште еден месец нè дели од Галичка свадба 2026. Што ќе мора да научите со Мартина пред венчавката?

Подготовките се интензивни, но многу убави и возбудливи.

Секој ден откриваме нови детали за обичаите и традициите што ја прават Галичката свадба толку посебна.

Најважно ни е да ги разбереме нивното значење и симболика и со почит да ја продолжиме традицијата што се негува со генерации.

aleksandar-pendaroski-zet-na-galichka-svadba-zhenskata-nosija-tezhi-25kg-moite-roditeli-se-venchaa-vo-galichnik-vo-1991-va-15.jpg

Кога почнавте со подготовки? Со кого „вежбате“, односно кој ве координираше за секој чекор што треба да се прави во текот на прославата?

Подготовките започнаа пред неколку месеци.

Имаме огромна поддршка од организацискиот одбор на Галичката свадба, од нашите семејства и од луѓето кои со години активно учествуваат во зачувувањето на традицијата.

Благодарение на нив полесно ги совладуваме сите детали и обврски што ги носи оваа чест.

Учат ли адети и кумовите, старосватите, другите гости?

Да, секој што има своја улога во свадбата што се подготвува.

Убавината на Галичката свадба е што тоа не е само приказна само за младенците, туку за целата заедница.

Секој придонесува за автентичноста и духот на манифестацијата.

aleksandar-pendaroski-zet-na-galichka-svadba-zhenskata-nosija-tezhi-25kg-moite-roditeli-se-venchaa-vo-galichnik-vo-1991-va-02.jpeg

Еден од адетите е зетот да јава на коњ одејќи по невестата. Дали си јавал и претходно или мораше да учиш сега?

Имам одредено искуство со јавање, но сепак дополнително се подготвував.

Тоа е еден од највпечатливите моменти на свадбата и сакам да го доживеам и да го изведам како што доликува на традицијата.

А кој обичај ти падна најтешко на тебе, а кој на Мартина?

Не би рекол дека нешто е тешко, повеќе би рекол дека секој обичај носи своја тежина и одговорност.

Кога ќе ја сфатиш симболиката зад секој детаљ, природно сакаш сè да биде изведено на најдобар можен начин.

За Мартина најголем предизвик беше запознавањето со сите обичаи и нивното значење, бидејќи за кратко време требаше да навлезе во една навистина богата традиција.

Но токму тоа беше и најубавиот дел од подготовките, па и двајцата уживавме во процесот на учење.

aleksandar-pendaroski-zet-na-galichka-svadba-zhenskata-nosija-tezhi-25kg-moite-roditeli-se-venchaa-vo-galichnik-vo-1991-va-07_copy.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Галичката невеста Лилјана Михајлоска за CRNOBELO: „Mojот сакан Јован од дете сонувал да направи Гали... „Желба на речиси секој галичанец е да направи Галичка свадба, така што желбата и...
Дечко од Скопје на уникатен начин ја долови Галичката свадба: „Некои ќе кажат ‘селско’, а јас сум ма... „Постарите велат: „Штотуку излеговме од опинците – не сакаме назад во нив“. Млад...

Најчитани неделава