Сања од Битола за свадбата со Фредерик од Германија: „Со другарките имав кореографија на ‘100% Те љубам’ од XXL“
- Детали
- недела, 14 јуни 2026
„На свадбата, покрај кореографијата со другарките, еден од најемотивните моменти беше фустанот на мојата сестра, на кој уметник насликал цртеж од мојата крштевка, каде што јас и таа се држиме за раце како малечки“, вели Сања Вашалиќ (31) од Битола за свадбата со саканиот Фредерик Сакс (36) од Штутгарт.

Сања Вашалиќ (31) од Битола и Фредерик Сакс (36) од Штутгарт, Германија се запознале на заеднички проект во Скопје, во фабрика за производство на делови за електрични автомобили во 2021 година.
Тој е инженер за развој на продукти, а Сања - инженер за квалитет.
Веќе една и пол година живеат заедно во Германија.
Фредерик ја запросил во мај 2025-та и една година ја планирале свадбата, која се одржа неодамна.

Сања споделува детали за CRNOBELO.com:
„Нашата свадба беше вистинска интернационална приказна. Во Битола се собраа семејство и пријатели од целиот свет, со корени на пет континенти, а за многумина ова беше и прва средба со мојот роден град.

Ни беше важно преку местата, музиката, храната и луѓето кои ги сакаме да им ја покажеме убавината, топлината и гостопримството, по кои Битола е препознатлива.

Прославата започна во Порта Џез (Porta Jazz), место кое има посебно значење за нас. Токму таму Фредерик во 2022 година, додека уживаше во музиката на DJ Chiko, за првпат се вљуби во Битола.

Најголемо внимание привлече кореографијата со моите другарки на песната „100% Те љубам“ од XXL.

Песната кај сите нас буди носталгија, убави спомени и чувство на вистинско пријателства, а инспирацијата произлезе од слична изведба што ја направивме за мојот 30-ти роденден.
Погледнете ја кореографијата:
Еден од најемотивните моменти беше фустанот на мојата сестра, на кој уметник насликал цртеж од мојата крштевка, каде што јас и таа се држиме за раце.

