Марта Гусар, наша адвокатка која нема изгубено случај за семејно насилство: „Поради некои случаи имам здравствени проблеми, ќе се борам за нив до крај“

Дали жените најчесто се жртви или има и чести случаи каде мажи пријавуваат семејно насилство?

Има и мажи и жени, иако статистиката покажува дека жени жртви се во многу поголем број и процент во споредба со мажите.

Кај мажите дури и имам предмет, каде најпрво не се сфаќа сериозно и не му сe помага, сè до моментот додека и децата не се жртви во целата ситуација.

Апелирам до сите институции постапувањето да биде еднакво за сите, иако мажите се во значително помал број на пријави.

marta-gusar-nasha-advokatka-koja-nema-izgubeno-sluchaj-za-semejno-nasilstvo-poradi-nekoi-sluchai-imam-zdravstveni-problemi-kje-se-boram-za-niv-do-kraj-07.jpg

Колку децата страдаат кога растат во дом каде има насилство, дури и кога не се директни жртви, што се случува со нив?

Децата се секогаш жртви, било да се директно или индиректно. Во околината каде што живеат, доколку има физичко насилство, психичко или друга форма на насилство, секако дека тие се директно вклучени во целата ситуација.

Впрочем децата најмногу страдаат и имаат најголема траума од сите случувања во домот каде што живеат.

Па дури и при постоење на развод, насилството може да се интензивира токму поради вршење насилство на родителот со кого не живеат, токму преку нив за да се одмаздат на другиот родител.

Оттука, јасно се потврдува дека тие се најзагрозени и нив им треба најголема заштита.

marta-gusar-nasha-advokatka-koja-nema-izgubeno-sluchaj-za-semejno-nasilstvo-poradi-nekoi-sluchai-imam-zdravstveni-problemi-kje-se-boram-za-niv-do-kraj-06.jpg

Колку социјалните мрежи и технологијата денес им олеснуваат на насилниците да вршат контрола, следење и психичка злоупотреба врз жртвите со закани за злоупотреба?

Социјалните мрежи и технологијата не е од сега, веќе живееме во дигитално време, но секако, со тоа се подобрува и технологијата за нивното побрзо откривање и преземање на дејствија со цел за заштита.

Секако дека кога сторител одлучил да врши таков вид на насилство, него нема да го спречи фактот што сега лесно ќе се открие.

Ваквите насилства постоеле отсекогаш, но сега веќе се дел од законодавството, па на основа на тоа конечно имаме санкции на сторителите на ваквите форми на насилства.

Во последно време сè почесто сме сведоци на случаи со насилство кои завршуваат со фемицид, но и самоубиство на жртви кои трпеле насилство. Каде се јавуваат пропустите во системска заштита, може ли нешто да се промени, очекувате ли некаков напредок по последните случувања кои беа актуелни?

Пропустите се огромни на секое ниво и во секоја институција, најпрво фактот што и покрај сите обуки на сите институции, сепак постои недоволно познавање за начинот на кој треба да постапат и да извршат проценка на ризик.

Најчесто откако ќе ни се случат такви трагедии, а кај нас ги има и многу, тогаш ние се будиме и гледаме дека треба нешто да смениме и сè тоа трае неколку месеци, сè додека сè не се заборави.

Се надевам дека последните случувања ќе ни бидат потсетник за во иднина дека системски пропусти не смее да има, не смее да има прикривање на сторител, не смее да не земаат пријави од лица кои затекнале вршење насилство, како и итност во постапувањето, кое треба да биде примарно сè со цел да се избегнат ситуации кои би довеле до фемицид или самоубиство како резултат на вршење на семејно насилство.

marta-gusar-nasha-advokatka-koja-nema-izgubeno-sluchaj-za-semejno-nasilstvo-poradi-nekoi-sluchai-imam-zdravstveni-problemi-kje-se-boram-za-niv-do-kraj-09.jpg

Колку често жртвите се откажуваат од постапката и што најмногу влијае на таа одлука? Може ли од правен аспект некако да им се помогне во таков случај или сè паѓа во вода?

Сега веќе не може да се откажуваат, ако зборуваме за кривична постапка согласно КЗ, од причина што телесната повреда при вршење на семејно насилство се гони по службена должност.

Доколку зборуваме за другите форми на насилство, откажувањето најчесто е во предолгата постапка за докажување, но сепак со добра поддршка и од својот адвокат, како и заштита при водењето на целата постапка, сè поретко ќе се случува да се откажуваат.

Што ви предизвикува најголем револт при работа на случаи на семејно насилство? На што се должи тоа што немате изгубено ваков случај?

Револтот е тоа што треба да се борам како со мечка сè додека не заштитам една жртва, особено кога станува збор каде немаме телесни повреди.

Во последно време, има доста и манипулации со Законот, а воедно како што напомнав и погоре, немање кадар во судството, во центрите, сè повеќе и повеќе ќе има злоупотреби на Закон, недоволна проценка на ризикот, а со тоа заштитата ниту ќе ја има, туку ќе биде вештачка без суштинска промена.

marta-gusar-nasha-advokatka-koja-nema-izgubeno-sluchaj-za-semejno-nasilstvo-poradi-nekoi-sluchai-imam-zdravstveni-problemi-kje-se-boram-za-niv-do-kraj-04.jpg

Што би ги советувале луѓето кои моментално живеат во страв, но не знаат како да побараат помош и не веруваат дека ќе им биде до крај помогнато, па се плашат дека ќе стане уште полошо ако пријават?

Она што секогаш им го кажувам на сите жртви кои побарале помош од мене е тоа дека стравот е основан, но многу често знае да биде нерационален.

Но со многу разговор со нив, се надминуваат тие состојби. Стравот од тоа дека доколку пријават, ќе стане полошо, е најчест страв, но во дадени моменти со причина, поради тоа што, откако пријавиле не им се помогнало, биле вратени назад или пак, недоволно ги заштитиле со обична опомена дадена кон сторителот.

Но, како што напомнав се надевам дека работите како што во овој момент се променети, ќе се променат во иднина на уште подобро, а со тоа и стравот од пријава нема да постои.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

M. M. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Даниела Панева помага на жртви на семејно насилство: „Една жена ја затворале во кочина, друга пријав... „Имав случај каде постара жена од рурална средина после 35 години насилство во б...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...

Најчитани неделава